Музичка магија во Битола на Фестивалот на музика од светот

November 28, 2025
1 min read

Вчера во големата сала на Центарот за култура – Битола свечено започна 17. Фестивал на музика од светот, создавајќи исклучително топла и емотивна атмосфера.

Концертот го отворија групата Фонтана, предводена од кларинетистот Благојче Трајковски, и Гамзе, Турчинка со македонски корени, кои ја исполнија салата со енергија, традиција и звук што не остави никого рамнодушен. Настапот беше збогатен со посвети за битолчани кои оставиле трага во музиката, како и со изведби што ја разнежнија публиката.

Гамзе, со песни на македонски јазик и зборови полни искреност и топлина, ја освои публиката, споделувајќи го своето длабоко чувство кон градот Битола.

 

Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Навивачите на Босна го чинат сојузот 141.000 франци

Следно

Сиљановска-Давкова од Подгорица: Време е за стратешки чекор на ЕУ кон Западниот Балкан

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова од Подгорица: Време е за стратешки чекор на ЕУ кон Западниот Балкан

Време е за стратешки чекор на ЕУ кон Западниот Балкан. По долгата, па и маратонска евроинтеграција, заедничката географија, историја и култура треба да се заокружат со отворање на вратите за членство на

Навивачите на Босна го чинат сојузот 141.000 франци

ФИФ ќе го казни фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина поради кршење на правилата и кодексот на однесување на навивачите при гостувањето на нивната репрезентација во Виена, на квалификацискиот дуел од Мундијалската

Зеленски: Јермак поднесе оставка

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес објави дека шефот на неговиот кабинет, Андриј Јермак, поднел оставка. Зеленски изјави дека не сака никој да поставува прашања за Украина и затоа денес ќе бидат

РКЕ следната недела ќе ги утврди тарифите за пренос и дистрибуција на струја, нема да има поскапување

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) следната недела ќе донесе одлуки за тарифите за пренос и дистрибуција на електрична енергија, како и за цената на операторот на пазарот на електрична енергија. Претседателот на

Петар Богојески избран за член на Наставно-научниот совет на Воената академија

Д-р Петар Богојески е официјално избран за член на Наставно-научниот совет (ННС) на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје. Процесот на неговиот избор во наставно-научно звање доби правна завршница по спроведениот
Go toTop