Македонските кошаркари ги почнуваат мини-подготовките за ноемвриските натпревари

November 18, 2024
1 min read

Македонската кошаркарска репрезентација денес во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, ќе ги почне подготовките за натпреварите кои следуваат во ноемврискиот ФИБА „прозорец“ за пласман на Евробаскетот во 2025 година.

Селекторот Александар Јончевски стави 16 кошаркари на конечната листа на кандидати за двете средби против селекцијата на Литванија.

На списокот на Јончевски се: Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Маслинко, Андреј Магдевски, Дамјан Робев, Стојан Ѓуроски, Виктор Ефремовски, Страхил Николов, Бобан Стајиќ, Кристијан Николов, Адем Мекиќ, Лејсон Зеќири, Итан Хап и Ненад Димитријевиќ.

Првиот натпревар ќе се игра на 21 ноември во Скопје, а вториот, три дена подоцна, во Клаипеда, Литванија.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во новите израелски напади во јужен Либан убиени уште 26 лица

Следно

Глобалните лидери од енергетскиот сектор ќе се состанат на Истанбулскиот енергетски форум

Latest from Blog

Путин му се заблагодари на претседателот на ОАЕ за помошта во апсењето на осомничениот за обидот за атентат врз високиот руски генерал на ГРУ

Рускиот претседател Владимир Путин му се заблагодари на претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), шеикот Мохамед бин Зајед ал-Нахјан, за неговата помош во апсењето на човекот осомничен за пукањето врз високиот офицер

Кадриу: Осудените за „мерцедесот“ беа „земени на врат“, а случајот со Нешковски беше „чист“, иако Заев мавташе со снимките

Во случајот „Тенк“, набавката на блиндираниот „мерцедес“, Владата не била обврзана да објавува оглас, односно да распишува тендер. Значи, не била должна. Можела да го купи „мерцедесот“ со спогодба во четири очи,

Атентаторот врз заменик началникот на руската ГРУ , генерал Алексеев, уапсен во Дубаи

Осомничениот веќе е екстрадиран во Русија, објавија британските медиуми. Генерал-потполковник Владимир Алексеев, заменик-началник на ГРУ, руската воена разузнавачка служба, во петокот беше застрелан повеќе пати во станбена зграда во Москва, потврдија истражителите.

Николоски: Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на Стенковец

На својот фејсбук профил, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави дека министерството во координација со повеќе надлежни институции ќе започне постапка за конфискација на нелегално изграден објект на аеродром Стенковец.
Go toTop