Со голот на повратникот Ромелу Лукаку, Наполи успеа на тежок начин да слави на гостувањето кај Верона во вечерашниот меч од тековното коло во Серија А. Расмус Хојлунд ги доведе гостите во водство во втората минута, а Жан-Даниел Акпа Акпро израмни во 64-тата минута. Ромелу Лукаку го постигна победничкиот гол во 96-тата минута, практично во последните секунди од средбата.
Нашиот Елиф Елмаз ги одигра комплетните 90 минути за Наполи, кој со оваа победа останува на третото место на табелата во Серија А со 53 бода.
Извор: vecer.mk


