Лефков: Лидерската средба отвора пат за консензус околу реформите и европската иднина

January 14, 2026
1 min read

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков истакна дека лидерската средба иницирана од претседателот на Владата, премиерот Христијан Мицкоски, претставува одговорен и државнички чекор насочен кон градење заеднички ставови за клучните реформски процеси и законите неопходни за напредокот на државата на патот кон Европската Унија.

Лефков нагласи дека за разлика од претходните лидерски средби, кои се одржувале поради конкретни политички причини, оваа средба има за цел да отвори суштински дијалог меѓу сите политички чинители кои се чувствуваат одговорни за иднината на државата, со фокус на стабилноста, институционалната доверба и политичката зрелост.

-И во минатото сме имале лидерски средби, меѓутоа тие лидерски средби се одржувале поради една, друга или трета причина. Оваа лидерска средба доаѓа по иницијатива на претседателот на Владата, на премиерот Христијан Мицкоски и е за градење на заеднички ставови, токму за реформската агенда, оние закони коишто се важни за исполнување на патокзаот кон ЕУ, за да можеме да седнеме на заедничка маса сите политички чинители коишто себе се доживуваат како одговорни политички субјекти во државата и се загрижени за иднината да можеме да формулираме заеднички ставови и начин на којшто ќе одиме нанапред, истакна Лефков.

Пратеникот Лефков, во реплика на пратеникот од опозициската СДС, Фатмир Битиќи, истакна дека критиките упатени кон лидерската средба се неосновани и дека напуштањето на дијалогот и оставањето празно столче не придонесуваат кон градење доверба. Тој истакна дека токму Владата презема иницијатива за обединување околу реформската агенда, без потреба од ад-хок политички конструкции, како што беше т.н. пржинска влада.

-Користевте тешки зборови за лидерската средба, суфицит на волја, камуфлажа, инженеринг и рековте дека вака не се креирала доверба, жестоко бранејќи ја пржинската влада, меѓутоа таа влада е нешто за коешто денеска практично сите коишто учествуваа на таа лидерска средба се изјаснија дека е нешто коешто е вишок, коешто е непотребно и потребно е да се гради доверба во институциите и нема потреба од оваа реторика, рече Лефков.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Теменугов: Минатите долгови сега се тежок товар за државата

Следно

Луфтханза им даде 24 часа на вработените да го напуштат Израел, утре ги откажува летовите

Latest from Blog

Каде се сега СОЈУЗНИЦИТЕ НА ИРАН?

Мрежата на сојузнички групи поддржани од Иран низ целиот Блиски Исток остро ги осуди американско-израелските напади врз нивниот патрон, но сè уште не започнаа одмазднички напади. Иако овие групи брзо го бранеа

Претседателката Сиљановска-Давкова го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност. Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата

Утре седница на Советот за безбедност во Вила Водно

На дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток Претседателката Гордана Сињановска-Давкова свика седница на Советот за безбедност за утре во 18 часот во Вилата Водно.

По воените напади од САД: Иран планира да се повлече од Светското првенство

Претседателот на Иранската фудбалска федерација, Мехди Таџ, го коментираше можното повлекување на националниот тим од Светското првенство во 2026 година. „По денешните настани и нападот од страна на Соединетите Американски Држави, малку

Сите американски и израелски бази и имот во регионот се легитимни воени цели, му порача Иран на ОН

Ова се деталите од писмото, според ИРИБ: Иран ќе продолжи да го користи своето право на самоодбрана одлучно и без одлагање сè додека агресијата целосно и безусловно не прекине. Воздушните напади извршени
Go toTop