Во старата касарна во Битола започна реализацијата на проектот „Изградба на паркинг на СТУ9 АРМ четврт 3“, информира градоначалникот Тони Коњановски.

Проектот опфаќа изградба на коловозна површина, атмосферска канализација и улично осветлување, со што ќе се подобрат условите за сообраќај и паркирање во овој дел од градот. Предвидена е асфалтна површина од 1.550 квадратни метри, а вкупната вредност на инвестицијата изнесува 7.382.097 денари.

Средствата за реализација се обезбедени преку вториот повик на Владата, односно Министерството за транспорт, со што Општина Битола продолжува со инфраструктурни вложувања во урбаните населби.
Од општината посочуваат дека со изградбата на новиот паркинг ќе се реши долгогодишниот проблем со недостиг на паркинг-простор во овој реон и ќе се подобри целокупната комунална инфраструктура.
Извор: zurnal.mk


