Историски деби за Даниела Алексовска во полу-профи ММА

July 5, 2025
1 min read

Македонската ММА-ѕвезда во подем, Даниела Алексовска, вечерва (4 јули) ќе се соочи со најголемиот предизвик во својата кариера.

На настанот АРМАДА 13 во Бачка Паланка, Србија, таа ќе го има својот прв полупрофесионален натпревар, со што ќе стане првата Македонка што достигнала вакво ниво во женскиот ММА спорт.

Противничка на нашата шампионка ќе биде поискусната и повозрасна Ирска натпреварувачка, Ева Круз (Éabha Cruise).

Оваа борба доаѓа по неверојатната година за 19-годишната Алексовска. Таа ја освои пошироката спортска јавност откако во февруари го освои златниот медал на Европското првенство на ИММАФ во јуниорска конкуренција, доминирајќи над своите противнички.

Нејзиниот профил покажува дека таа е вистински мајстор за боречки вештини. Како носител на кафеав појас во бразилско џиу-џицу (BJJ), нејзината најсилна страна се борбите на партер. Од нејзините 8 аматерски победи, дури 5 ги остварила со принудување на противничката да се предаде, користејќи различни техники како триаголник, армбар и кинбар. Нејзиниот импресивен скор (8-2) веќе ја рангира меѓу најдобрите борци во Европа на нејзина возраст.

 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО: Сообраќајна несреќа вечерва на булевар „Партизански одреди“

Следно

Жештините продолжуваат: денес Скопје до 40 °C, цела држава под портокалово предупредување

Latest from Blog

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop