Историја, Грузија ќе игра на ЕП 2024

March 26, 2024
1 min read

Репрезентацијата на Грузија за првпат во својата историја ќе игра на ЕП! Ова стана факт откако тимот го доби последниот меч во Тбилиси против Грција за учество на ЕП 2024. Во регуларното време и продолженијата резултатот беше 0:0, а во пенал рулетот Грузијците победија со 4:2 и земаа една од последните три квоти за првенството во Германија во лето.

Речиси и да немаше шанси за гол во регуларното време, наместо тоа преовладуваше тактичката игра и цврстата дефанзивна игра. Така дојде до продолженијата, каде двете екипи одиграа похрабро. Така, во 102. минута Константинос Мавропанос ја погоди гредата по неговиот удар со глава од корнер. Одисеј Влаходимос мораше да ги одбрани ударите на резервистите Зурико Давиташвили и Ѓорѓи Цитаишвили.

На крајот сестигна до пенал-серијата каде Грузијците не можеа да се потпрат на својата ѕвезда Хвича Кварацхелија бидејќи крилниот напаѓач го напушти теренот во 109. минута поради повреда. Сепак, пулените на Вили Сањол беа подобри во пенал рулетот. Ѓорѓи Кочорашвили, Давиташвили, Лаша Двали и Ника Кваквескири беа прецизни во своите настапи и само Жорж Микутадзе шутираше непрецизно.

Што се однесува до играчите на нашиот јужен сосед, Јоргос Масурас и Андреас Бухалакис погодија од белата точка, но ударот на Анастасиос Бакасетас беше одбранет, додека Јоргос Јакумакис шутираше широко.

Грузија на тој начин го зазеде последното расположливо место во групата Ф на ЕП 2024, каде ќе ги одмери силите со Турција, Португалија и Чешка. Тоа ќе биде прво појавување на земјата на голем фудбалски форум од независноста.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Во недела почнува летно сметање на времето

Следно

Трае најстрогиот пост: Начин на постење и исхрана

Latest from Blog

Чаир добива нова канализација и водовод – Меџити на терен

Првиот-вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити денеска ја посети улицата 157 во населба Гази Баба, каде што работите на инфраструктурниот проект се одвиваат со забрзано темпо. Канализацијата за атмосферски води

„Моја Кравица“ ја стартува својата прва национална наградна игра во Македонија

Бимилк со гордост ја претставува својата прва наградна игра за брендот Моја Кравица во Македонија, под слоганот „Исполни си ги желбите со Моја Кравица!“. Наградната игра ќе трае од 15 септември до

Возачите на „Шкода“ најмногу пцујат, меѓу британските возачи

Британскиот интернет-портал „Казино-онлајн“ испита 2.000 возачи од Велика Британија, за „богатиот речник и елоквентноста зад воланот“. Прашањето гласело: Дали, како возач, пцуете и колку често го правите тоа додека возите? – Порано
Go toTop