Ѓорѓиевски: Нема повеќе узурпација, започнавме голема акција за расчистување на бесправно изградените објекти (ВИДЕО)

November 28, 2025
1 min read

Ги отстрануваме бесправно изградените објекти – нема повеќе узурпација. Започнавме голема акција за расчистување на бесправно изградените објекти, во тесна соработка со сите скопски општини, информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

-Јавните површини им припаѓаат на граѓаните. Тротоарите, пешачките патеки и јавните простори не смеат да бидат заложници на ничиј личен интерес. Повеќе нема компромис кога се во прашање узурпациите што го нарушуваат животот, движењето и безбедноста на нашите сограѓани, истакна тој.

Ѓорѓиевски порача дека акцијата продолжува со силно темпо.

-Ова е процес во кој сите сме партнери. Ги повикувам граѓаните на Скопје активно да се вклучат, да пријават објекти што го окупираат заедничкиот простор и да помогнат да изградиме град во кој владее ред, достоинство и еднаква пристапност за сите.  Заедно градиме град каков што заслужуваме, истакна Ѓорѓиевски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Јанкулоска: Обвинителите од СЈО и дел од судиите беа во функција на политичка агенда

Следно

Петте јазици на љубовта: Брачен терапевт открива зошто често не се разбираме иако се сакаме

Latest from Blog

Кремљ: Ја добивме мировната рамка меѓу Украина и САД, ќе ја разгледаме идната недела

Русија ја доби она кое САД и Киев го нарекоа „ажурирана и префинета мировна рамка“ за завршување на војната во Украина, и ќе биде дискутирана следната недела, потврди денеска Кремљ. Рускиот претседател

Петте јазици на љубовта: Брачен терапевт открива зошто често не се разбираме иако се сакаме

Гери Чепмен е доктор по психолошки науки, мотивациски говорник и брачен советник. Веќе неколку децении активно работи на емоционални проблеми, помагајќи им на луѓето да изградат цврсти и долготрајни врски. Неговата книга

Видео: Викторија бекам се пофали со новогодишната декорација на својот раскошен дом

Познатата креаторка на Инстаграм објави фотки од раскошно украсена елка која комбинира бронзени, розово-златни и жолти детали, со бели светла и црвени топки. Наместо студениот сјај на традиционалните декорации, Викторија  годинава се

Европол заплени осум милиони штетни играчки

Европол посочи дека повеќето од конфискуваните играчки „целосно ги избегнале строгите правила на ЕУ за производи наменети за деца“. Запленети се фалсификувани кукли, коцки, автомобили, комплети за боење и кадифени играчки што
Go toTop