Филков: Следната недела ќе се одржи продолжението на конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство

February 27, 2026
1 min read

Поради технички причини денешната конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство беше одложена за следната недела. Министерот за правда Игор Филков изјави дека членовите на работната група не се впуштиле во материјална расправа затоа што прво треба да се утврди дневниот ред.

„Иако денес требаше да биде одржана првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборно законодавство на која требаше да се избере претседател како и да се донесе предлог-деловник за утврдување на методологијата и динамиката на работење, сепак тоа не се случи поради одредени јазични бариери. Од дел од присутните претставници на политичките партии беше побарано материјалите да бидат преведени за полесно да можат да се разберат“, рече министерот Филков.

Министерот за правда Игор Филков се надева дека следната недела членовите ќе се усогласат за термин , ќе се избере претседател на работната група и ќе се отпочне со работа каде што сите ќе имаат можност да ги дадат своите предлози и сугестии за реформите во изборното законодавство.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: започна изградбата на нов паркинг во старата касарна вреден над 7,3 милиони денари

Следно

Москва соопшти дека се подготвува нова трилатерална средба за Украина

Latest from Blog

Москва соопшти дека се подготвува нова трилатерална средба за Украина

– Штом ќе се договорат датумот и локацијата, ќе бидат дадени дополнителни детали. Досега нема значајни промени во позициите на режимот во Киев, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Претходно, Украина најави

Коњановски: започна изградбата на нов паркинг во старата касарна вреден над 7,3 милиони денари

Во старата касарна во Битола започна реализацијата на проектот „Изградба на паркинг на СТУ9 АРМ четврт 3“, информира градоначалникот Тони Коњановски. Проектот опфаќа изградба на коловозна површина, атмосферска канализација и улично осветлување,

Коњановски: Битола добива нов паркинг простор во старата касарна

Во старата касарна во Битола започна реализацијата на проектот „Изградба на паркинг на СТУ9 АРМ четврт 3“, кој опфаќа изградба на коловоз, атмосферска канализација и улично осветлување. Градоначалникот Тони Коњановски информираше дека
Go toTop