ФФМ: Бевме сведоци на срамен чин – ФК Гостивар грубо ја изневерија фудбалската јавност и фер-плејот

April 27, 2025
1 min read

На денешниот натпревар од Прва МФЛ меѓу ФК Гостивар и ФК Работнички бевме сведоци на срамен чин – свесно и организирано напуштање на теренот од страна на екипата на ФК Гостивар, велат од ФФМ во соопштение.

„ФК Гостивар грубо ја изневерија фудбалската јавност и фер-плејот.

Наместо спортски да се борат до последниот свиреж, ФК Гостивар реши да избега од реалноста и вината за својата очајна постапка да ја префрли врз судиите. 

Вистината е документирана: во официјалниот записник е наведено дека уште предвреме претставник на ФК Гостивар ги известил судиите дека екипата ќе се повлече доколку резултатот не биде во нивна корист.

Овој чин е смислен и намерен обид на одредени поединци кои поради финансиски побуди и неисполнети очекувања, избираат на најгруб начин да ја манипулираат јавноста и да ја деградираат фудбалската сцена.

Очигледно е дека последните одлуки на Управниот одбор на ФФМ во кои јасно беше најавено расчистување со криминалот и корупцијата во македонскиот фудбал се директна причина за оваа срамна постапка.

Тие кои со години беа навикнати на привилегии, денес, кога владеат правилниците, транспарентноста и фер-плејот, не можат да функционираат во регуларен систем.

И покрај оваа неодговорна и кукавичка постапка, ја уверуваме јавноста дека регуларноста на Прва МФЛ нема да биде нарушена. Првенството ќе продолжи по правилата и прописите од натпреварувањето.

Криминалните структури и нечистотијата во фудбалот ќе бидат целосно исчистени. 

Фудбалската федерација на Македонија нема да дозволи уцени и притисоци.

Напротив – ФФМ ќе излезе уште посилна од овие координирани подземни постапки што интензивно се случуваат во последните денови.

Воска и Гостивар нема да бидат тие што ќе го валкаат македонскиот фудбал. Тие не го создале овој фудбал за да имаат право да го уништуваат. Секако, ќе завршат таму каде што навистина заслужуваат. 

Нашата борба за чист фудбал нема враќање назад. Одиме до крај за регуларен, чесен и достоинствен македонски фудбал!“ – се вели во соопштението на ФФМ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И Македонија била тема на средбата Кошта-Жељасков

Следно

Дарио Ивановски победник на полумаратонот во Дубровник

Latest from Blog

ПОЧНУВА ЛЕКУВАЊЕ НА РАК СО РУСКИ ВАКЦИНИ: Овие пациенти ќе бидат првите што ќе ги примат

Развојот на вакцина против рак се одвива според планот, меланомот ќе биде првата болест што ќе се лекува, изјави денес рускиот министер за здравство Михаил Мурашко. „Сè оди според планот, како што

Араухо беше во Ерусалим и Уругвај, па се врати на тренинг во Барса

фото: Víctor Navarro @victor_nahe (X) Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, се врати на тренинзи во Барселона. Уругвајскиот дефанзивец денеска учествуваше на отворениот тренинг на тимот. За потсетување, на почетокот на декември, Араухо
Go toTop