Енергетски компании ја тужат ЕУ поради обврската за изградба складишта за јаглерод диоксид до 2030

November 27, 2025
1 min read

Најмалку 15 нафтени и гасни компании поднесоа тужби против Регулативата на Европската Унија за складирање на јаглерод, со барање за продолжување на рокот од 2030 година до кога треба да изградат складишта за најмалку 50 милиони тони јаглерод диоксид годишно.

Компаниите тврдат дека е невозможно да се исполни поставениот рок за изградба на складиштата до 31 декември 2030 година, со оглед на технолошките и логистичките пречки со кои се соочуваат во исполнувањето на строгите барања за складирање на јаглеродот.

Според нив, барањето за изградба на овие складишта потенцијално ќе доведе до значителен финансиски и оперативен притисок врз секторот за нафта и гас.

Компанијата „ЕксонМобајл“ во својата тужба оценува дека постигнувањето на поставената цел е „невозможно“, а „Орлен“ бара измена на Регулативата и поставување на „реален“ рок за изградба на складиштата. „Шел“, пак, наведува дека поддржува воспоставување на складиштата во предвидениот обем, но смета дека компаниите треба да добијат подолг рок за нивна изградба.

Компаниите се согласни дека со идејата за складирање на јаглерод диоксидот, Регулативата на ЕУ само создава „регулаторна стапица“. Според нив, Регулативата целиот товар за складирање на јаглеродот го префрла на нафтените и гасните компании, додека такви барање нема за останатите фирми.

Европската Унија, од своја страна, смета дека оваа Регулатива го намалува ризикот од складирање на индустрискиот јаглерод во целиот синџир на снабдување, вклучително и во секторите за производство на цемент, челик и хемикалии.

Европската комисија ја усвои Регулативата за складирање на јаглерод диоксид во мај годинава врз основа на Стратегијата на ЕУ за управување со индустриски јаглерод и Договорот за чиста индустрија.

Според Комисијата, оваа Регулатива ќе го забрзаат развојот на решенија за управување со индустриски јаглерод и ќе игра клучна улога во декарбонизацијата на индустријата низ цела Европа.

Регулативата предвидува јаглеродните складишта и транспортната инфраструктура до нив да добијат статус на „стратешки проекти“ за нулто ниво на емисии на јаглерод диоксид.

Во Анекс на Регулативата се наведени 44 компании од кои Комисијата бара „да придонесат“ во постигнувањето на целта на ЕУ за складирање на јаглеродот, согласно нивниот удел во производството на сурова нафта и природен гас во Унијата во приодот од 2020 до 2023 година. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Слот: Имавме доволно шанси за водство

Следно

Фото: Провокативната Кајли Џенер

Latest from Blog

Украина тврди дека Русија ги продава своите златни резерви за десетици милијарди долари

Украинската служба за надворешно разузнавање (СЗРУ) проценува дека Русија ќе продаде дел од своите златни резерви на домашниот пазар за десетици милијарди долари за да ја поддржи рубљата и да го наполни

Како да му покажете на партнерот дека го сакате? Експертите велат дека овие гестови немаат цена

Дали се сеќавате кога за првпат ги слушнавте љубовните зборови од вашиот партнер? Кога зборовите се кажани по стоти пат, понекогаш ја губат својата сила и се претвораат само во механички фрази.

Велковски: Пензиите ќе бидат исплатени и ќе има покачувања согласно законските прописи

Пензиите ќе бидат исплатени и тоа скоро ќе се види, потенцираше денеска заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски во одговор на пратеничко прашање на Јованка Тренческа од СДСМ. –

Фото: Провокативната Кајли Џенер

Членката на кланот Кардашијан – Џенер сподели фотографии од нејзиното викенд бегство, покажувајќи како изгледа нејзиниот идеален крај на неделата. Во серија фотографии, таа позира во мало металик сребрено бикини кое ја нагласува

Слот: Имавме доволно шанси за водство

фото: Liverpool FC (Facebook) Арне Слот зборуваше по катастрофалниот пораз на Ливерпул од 4-1 од ПСВ Ајндховен во петтото коло од Лигата на шампионите. „Истиот проблем е во последните неколку недели. Емоциите
Go toTop