ЕФ бара оставка од спикерот Африм Гаши: „Македонскиот, единствен јазик на кој комуницира државата“

December 27, 2024
1 min read

Единствениот службен јазик на кој државата комуницира, а институциите меѓусебно зборуваат е македонскиот јазик, изјави претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Новинар: Членот вели дека албанскиот е официјален во сите институции, господине Гаши, па тие можат да комуницираат и на албански.

Гаши: Тоа е преведен јазик.

Овие изјави на претседателот на Собранието, Африм Гаши, за статусот на албанскиот јазик во Северна Македонија се срамни, отворена лага и тешко предавство на албанскиот народ, историјата и тешко стекнатите права, реагира опозицискиот Европски фронт до спикерот на Собрание.

Запрашан за изјавите на Гаши, министерот Арбен Таравари рече дека игра со зборови може да има колку сакаме, но албанскиот не е еднаков со македонскиот.

-Албанскиот јазик не е еднаков со македонскиот јазик, овде сите се согласуваме. Пред 1991 година, пред независноста, официјални јазици во Македонија, според Уставот, биле македонскиот, албанскиот и турскиот. Сега тоа е македонскиот јазик и јазикот на 20% од населението што зборува албански. Мора да работиме во оваа насока, дали ќе кажеме …официјален е, не е официјален, вака или онака, не е еднаков! т.е. мора да инсистираме албанскиот јазик да остане како збор, а не како процент, изјави претседателот на АА/ВРЕДИ, Арбен Таравари.

Инаку, Гаши синоќа за време на интервјуто во Алсат своите изјави ги даде повикувајќи се на новиот ажуриран закон за македонскиот јазик, за кој истакна дека на почетокот на 2024 година го изгласало тогашното парламентарно мнозинство, заедно со албанските партии, но исто така врз основа на Законот за употреба на јазиците од 2018 година.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Маја Бојаџиевска: Давањето без да бараме ништо за возврат е адутот кој победува

Следно

Стојаноски: Законот за јавни набавки никогаш немал потранспарентна и поширока консултација за негови измени

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop