Димитриеска-Кочоска: Го официјализиравме првиот дел од Договорот за заем, почнавме разговори за вториот дел од 500 милиони евра

October 9, 2024
1 min read

Со потпишување на Договорот со унгарската Експорт – импорт банка во Будимпешта се официјализираше првиот дел од Договорот за заем во износ од 500 милиони евра и воедно започнаа разговори за вториот дел од заемот исто така во износ од 500 милиони евра, кои се очекува да бидат одобрени до крајот на годината.

Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во својата изјава во Будмпешта, при што најави дека средствата согласно потпишаниот Договор ќе бидат на располагање следната недела.

„По потпишувањето на Договорот треба да испратиме документи за официјална исплата на средствата и веќе почнавме разговори за дополнителни 500 милиони евра коишто очекуваме да ни ги одобрат до крајот на годината, а потоа да бидат исплатени на почетокот на следната година. Со овие средства би се рефинансирала еврообврзницата којашто ќе доспее во јануари 2025 година“, рече министерката за финансии.

Оцени дека станува збор за одлична поддршка од Владата на Унгарија. „Станува збор за средства обезбедени во првите 100 дена, и тоа по многу поволни услови, односно 3,25% каматна стапка, којашто е многу ниска во услови на многу повисоки каматни стапки на меѓународните пазари“, рече Димитриеска-Кочоска.

Повтори дека средствата ќе бидат наменети за приватните компании преку Развојната банка и комерцијалните банки, како и за инфраструктурни проекти вклучително и општините.

„На тој начин, како што рече, очекуваме навистина многу поголема поддршка за економијата, поголем развој и реализација на веќе започнатото и на сето она што ќе почне да се реализира, а го ветувавме во рамки на програмата во текот на изборите“, изјави таа.

Министерката за финансии вчера во Будимпешта во име на Владата го потпиша Договорот за заем со унгарската Експорт – импорт банка, којшто е во согласност со Законот за задолжување на РС Македонија со заем кај унгарската Експорт – импорт банка, приватно друштво со ограничена одговорност, по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Протест во Ново Село против изградба на Леарница

Следно

ОН: Во северниот дел на Газа блокирани 400.000 Палестинци

Latest from Blog

Министерот за здравство на САД призна: Шмркав кокаин од даска на тоалетна школка (ВИДЕО)

Зборувајќи за своето закрепнување во подкастот на комичарот Тео Вон „This Past Weekend“, Кенеди објасни дека се сретнал со водителот на подкастот на утрински состанок за закрепнување пред пандемијата COVID-19 и дека

Мисајловски од Минхен: Историски најголем буџет за модернизација во одбраната, набргу нè очекуваат и многу нови договори

Историски најголем буџет издвоен во рамки на Владата во овие над 30 години. Благодарност до пратениците и до секој еден кој што ни дава поддршка бидејќи станува збор за огромна сума на

Јотова: До јуни да се реши прашањето ако Македонија сака ЕУ

Илијана Јотова изјави дека Софија е загрижена поради информации дека Северна Македонија разгледува алтернативни начини за отворање на други поглавја од пристапните преговори со Европската Унија, наместо започнување со првиот кластер кој

Мерц со предупредување: Веќе не постои светскиот поредок заснован на право и правила

Тој на отворањето на Минхенската безбедносна конференција рече дека Конференцијата отсекогаш била „сеизмограф на политичката ситуација“ и додаде дека во последните години сме сведоци на зголемени тензии и конфликти во светот, вклучително
Go toTop