1. Фајловите од Гвантанамо (2011)
Викиликс објави доверливи проценки за злоупотреба на 800 затвореници во американскиот логор во Гвантанамо, откривајќи детали за нивното мачење и причините за нивното притворање.
2. Логови од ирачката војна (2010)
Викиликс објави доверливи документи за американската војна во Ирак, откривајќи детали за 66.000 смртни случаи на цивили, прецизни досиеја за тортура, силување, злоупотреба и ужасни воени злосторства.
Во оваа епизода шокантно беше доверливото видео на американската војска на кое е прикажано неселективно убиство на група цивили, вклучително и двајца новинари на Ројтерс, во предградието на Багдад во 2007 година.
3. Авганистански воени дневници (2010)
Викиликс обелодени 91.000 извештаи за внатрешни дневници на американската војска кои ја покриваат војната во Авганистан и американските воени злосторства.
Беше разоткриено:
– Масовно непријавување цивилни жртви.
– Детали за тајните операции, меѓу другото како било користено проституирање машки деца.
– Фактот дека одамна на сите им било јасно дека Талибанците само стануваат посилни.
4. Трезор 7 (2017)
Беа објавени серија протекувања од ЦИА за алатките и техниките за хакерство на агенцијата. Се откри дека ЦИА може како оружје да користи широк спектар производи на американски и европски компании, вклучително и Ајфон на Епл, Андроид на Гугл и Виндоус на Микрософт. Документите покажаа и дека ЦИА развила алатки за далечинско хакирање и контрола на уредите како што се паметните телевизори, претворајќи ги во тајни микрофони. Дополнително, протекувањето сугерираше дека ЦИА развила потенцијално смртоносни технологии кои овозможуваат далечинско управување со возила како автомобили и камиони.
5. Дипломатски депеши
Викиликс откри серија мешања на САД во работата на странски влади и светски организации.
– Шпионирање на официјални лица на ОН како обид да се влијае врз одлуките и активностите на организацијата.
– Поддршка за диктатурите во Тунис, Египет, Јемен, Саудиска Арабија, Пакистан. Тоа вклучувало обезбедување финансиска и воена помош за овие влади.
– Манипулација со странски избори во повеќе земји.
– Притисок врз странски влади да усвојат политики кои се во согласност со интересите на САД.
– Влијание врз меѓународните организации, вклучително и Меѓународната агенција за атомска енергија во корист на сопствените интереси.
6. Фајловите од Сирија (2012)
Викиликс објави над 2 милиони мејлови од сириски политички фигури, кои ги разоткриваат внатрешните предизвици на сириската влада и нејзиниот одговор на порастот на радикалите и Исис.
7. Глобална шпионажа (2012)
Викиликс објави над 5 милиони мејлови од приватната разузнавачка фирма Стратфор, откривајќи како американската влада и големите корпорации набљудувале активисти, демонстранти и шпиони.
8. Големи трговски договори преговарани во тајност (2013)
Викиликс објави неколку нацрт договори за меѓународно тргување кои покажуваат како САД создаваат нов глобален економски и правен блок кој им дава неограничена моќ.
9. Таргетирање светски лидери од страна на НСА (2016)
Викиликс откри дека американската Агенција за национална безбедност ги таргетирала светските лидери, особено Европејците поради геополитичките интереси на САД.
– Документите покажаа дека НСА прислушувала приватен состанок за стратегија за климатски промени помеѓу генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун и германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин.
– НСА го таргетирала началникот на штабот на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) за долгорочно следење на неговиот швајцарски телефон, како и директорот на Одделот за правила на Светската трговска организација (СТО), Јохан Хјуман.
– НСА пресретнувала сензитивни италијански дипломатски телеграми во кои е опишано како израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го моли италијанскиот премиер Силвио Берлускони да помогне да се среди неговиот однос со американскиот претседател Барак Обама.
– НСА пресретнала детали од важна средба меѓу тогашниот француски претседател Никола Саркози, Меркел и Берлускони.
10. Меиловите на Хилари Клинтон (2016)
Викиликс објави мејлови од Националниот комитет на американските Демократи кои беа погубни за претседателската кампања на Хилари Клинтон. Откритијата предизвикаа значителни контроверзи за интегритетот на политичкиот процес во САД и транспарентноста на кампањата на Клинтон.
Бонус: Никиликс
Викиликс објави пресретната комуникација од 2008 година помеѓу оперативец на ЦИА и тогашниот амбасадор на САД во Македонија, Филип Рикер.
„Сегашниот министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров се води како „заштитен“ извор на американската амбасада два пати во 2008 година, откако обезбедил информации за спорот со името.
Во тајниот извештај од 2008 година до Стејт Департментот на САД, тогашниот амбасадор Рикер бара заштита за неговиот „крт“ во македонската влада – Никола Димитров, пренесе Антропол.
Тој не ги демантираше наводите ама тврдеше дека тие се доказ дека конзистентно работел на исполнувањето на стратешките цели.
ИЗВОР: off.net.mk