Денеска славиме: Ден на македонскиот јазик, 80 години „Македонски правопис“

May 5, 2025
2 mins read

На 7 јуни 1945 година, со решение на Министерството за просвета потпишано од тогашниот министер Никола Минчев, е донесен Правописот на македонскиот јазик. Еден месец претходно, на 5 мај 1945, со решение на Народната влада на Федерална Република Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик. Со ова се заокружува еден од темелите на македонската државност, удрени со решението на АСНОМ од 2 август 1944, донесено во манастирот Прохор Пчински, со кое македонскиот јазик беше заведен како службен јазик на македонската држава.

Во работа од нецела година и на три комисии, азбуката и правописот ги донесе Третата јазична комисија во состав: Венко Марковски, Васил Иљоски, М. Павловски, Блаже Конески, Крум Тошев, Иван Мазов, Г. Влахов, Владо Малески, К. Х. Василев, И. Топаловски. На 3 мај 1945, дефинитивно ја утврдила македонската азбука, која ги содржи следните 31 буква: А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш. Истиот ден, Владата донела решение со кое била озаконета азбуката, кое било објавено во весникот ‘Нова Македонија’ во празничниот број (II, 104) од 5, 6 и 7 мај 1945 година. Оваа комисија, со исклучок на Мазов, на 2 јуни 1945 го утврдила и нацртот за македонскиот правопис, за кој на 7 јуни 1945 е донесена Резолуција од Владата со што македонскиот правопис станал официјален.

„Усвоениот елаборат бил објавен во посебна книшка, а веќе следниот ден по усвојувањето на правописот, Конески го објавува написот ‘За македонскиот литературен јазик’ во кој се презентирани ставовите за македонската азбука и правопис, а Влахов ја објавува статијата ‘Слободна Македонија во Федеративна Југославија ‒ крај на меѓусебните борби на балканските народи’“, вели проф. д-р Симона Груевска-Маџоска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје.

Првите измени и дополнувања на Правописот се направени две години подоцна.

„Некои измени и дополнувања на Правописот биле направени од Комисијата за преразгледување на прашањата во врска со македонскиот правопис во состав: д-р Михаил Петрушевски, Блаже Конески и Крум Тошев, назначена на 20 ноември 1947. Од овие промени, најважна била промената на наставката -уе во -ува (кажуам во кажувам). Предлогот бил прифатен на собир на македонските писатели, новинари, филолози и други културни работници на 6 април 1948 и објавен во проширеното издание на Македонскиот правопис со правописен речник на Конески и Тошев, објавено во 1950“, вели Груевска-Маџоска.

Македонскиот правопис од 1969 година, во авторство на Б. Видоески, Т. Димитровски, К. Конески, К. Тошев и Р. Угринова-Скаловска) во 1970 е дополнет со Правописен речник од 30.000 зборови. Последното издание на овој правопис е коригирано од Т. Димитровски и објавено во 1998, а нов Правопис на македонскиот јазик е објавен во 2015 и второ издание во 2017., под редакција на Ж. Цветковски, С. Веновска-Антевска, С. Груевска-Маџоска, Е. Јачева-Улчар и С. Саздов.

Електронската верзија на ова последно издание на Правописот, од декември 2017 е бесплатно достапна за симнување и за пребарување на Интернет на адресата www.pravopis.mk, благодарение на иницијативата на тогашната Влада.

Четири години подоцна, на 5 мај 2021 годиина, Министерството за образование и наука и Министерството за култура обзебедија Толковниот речник на македонскиот јазик во шест тома да биде достапен онлајн и бесплатно да се корист на интерактивната платформа makedonski.gov.mk.

Две години претходно  5 мај е прогласен за „Ден на македонскиот јазик“ на 130. седница на владата, одржана на 16 април 2019 година.

Авторите и редакцијата на Речникот ги подготвија печатените 4200 страници за електронското издание, откако по предлог на Советот за македонски јазик и на барање на Институтот за македонски јазик, Владата одлучи трајно да ги откупи материјалните права на составувачите на овој значаен лексикографски труд.  Министетството за образование и наука ја операционализираше одлуката, а Министетството за култура го стави онлајн-изданието на Толковниот речник во националната програма за „Годината на Конески“.

Во 2023 година, МАНУ усвои Повелба за македонскиот јазик во којашто ги изнесува научно признатите факти за македонскиот јазик, како и улогата на МАНУ во проучувањето и афирмацијата на македонскиот јазик во домашни и во меѓународни рамки.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Законот за енергетика во второ читање во Собранието

Следно

Што значи да си Зборец – и зошто тоа му е потребно на живиот македонски јазик?

Latest from Blog

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на

Директорот на Идризово: Има изживување, силување, но и љубов меѓу затворениците

Гостин во „Претрес со Ландов” е генерал мајор Зоран Јовановски-Челик, директор на КПУ Идризово.Тој отворено говори за лошите услови во затворот, иако има подобрување. Како Управа од властите овие 3 години бараат

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски
Go toTop