Delfino Mobility Group – Од идеја до регионален лидер за 30 години

October 1, 2025
1 min read

Delfino Mobility Group со голема свеченост одбележа 30 години постоење и успешно градење на бренд кој денес претставува симбол на мобилноста, довербата и растот во Македонија и регионот. Семејната компанија, создадена со визија и посветеност и поставена на цврсти темели, интегритетот и семејни вредности ја движат напред и денес како и претходните три децении.

Delfino Mobility Group денес управува со богато портфолио кое ги вклучува Sixt Македонија, Sixt Албанија, Delfino Hub, Delfino Home, Altasnet Yachts, Artisan Distillery, како и автомобилските брендови Geely и Lynk & Co. Со 17 бренда, позиционирани на 3 пазари и со тим од речиси 100 луѓе кои се вистински еко-систем на раст и амбиција, израсна во регионална компанија која ја гради иднината на мобилноста во регионот.

„Пред три децении започнавме со визија за мобилноста во Македонија и регионот. Јас сум дел од Делфино една третина од неговото постоење. Кога се приклучив пред 10 години, бевме компанија која го носеше името на Sixt во Македонија, заедно со нашата туристичка агенција Делфино Травел, а денес сме регионална компанија која што е симбол на иновација, доверба и раст. Но она што нè прави навистина посебни е што сме семејна компанија изградена од две генерации и со визија за развој. Благодарност до сите партнери, вработени и пријатели што се дел од ова патување, ова е само почеток на уште поамбициозно поглавје“, изјави Илија Тоневски, извршен директор на Delfino Mobility Group.

 

Преку континуирана работа, иновации и стратешки партнерства, Delfino Mobility Group изгради препознатлив имиџ на лидер во индустријата. Компанијата повеќе од дваесет години управува со франшизата на Sixt во Македонија, а од 2023 и во Албанијаи денес располага со повеќе од 1500 возила низ регионот и постојан фокус на унапредување на искуството на клиентите.

Во 2023 година компанијата го збогати своето портфолио со воведување на глобалниот автомобилски бренд Geely на македонскиот пазар, потег кој предизвика огромен интерес кај купувачите и веднаш се позиционира како еден од најдинамичните авто-брендови кај нас. Geely во својата групација поседува светски познати брендови како Volvo, Polestar, Lynk & Co, Zeekr и Smart, а има удели и во Aston Martin и Daimler, како и мултимилијардерско партнерство со Renault, што дополнително ја потврдува технолошката извонредност и глобалната конкурентност на брендот. Воведувањето на Geely значи и отворање на ново поглавје за Delfino Mobility Group, којашто со тоа го потврди својот лидерски статус и визија за иднината на мобилноста.

Јубилејот беше одбележан со голема прослава во Националната опера и балет, во присуство на повеќе од 600 гости, соработници од Македонија и странство, вработени и пријатели на компанијата. Настанот уште еднаш го потврди угледот и влијанието на Delfino Mobility Group како компанија што не само што ја движи индустријата, туку и гради мостови на соработка, доверба и семејна традиција.

Со овој јубилеј, Delfino Mobility Group уште еднаш ја зацврсти својата позиција како двигател на промените и иновациите, подготвен да го продолжи патот на успех и да отвора нови хоризонти во мобилноста и модерниот животен стил.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку девет загинати во силно невреме на југот на Украина

Следно

Мурињо повторно се жали на судењето: Челзи требаше да добие два црвени картони

Latest from Blog

Џенифер Гарнер прв пат јавно проговори за разводот од Бен Афлек

Иако се разделија во 2015 година, а разводот беше финализиран во 2018 година, нивната приказна продолжува да ја интригира јавноста, пишува списанието Hello!. Најтешкиот удар не беше медиумскиот притисок Во интервју за

Масовни протести низ Иран, исклучен интернетот во земјата – Трамп се закани на режимот

Масовни антивладини протести се одржуваат низ целиот Иран вечерва, вклучително и во главниот град Техеран. Ова е 12-та ноќ по ред како демонстрантите излегуваат на улиците, во бран немири предизвикани од тешката
Go toTop