Билансот на загинати Палестинци достигна 37.500 откако во израелските напади во Газа загинаа уште 101 Палестинец

June 22, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку 37.551 Палестинец се загинати во воената офанзива на Израел врз Појасот Газа од октомври минатата година, соопшти денес Министерството за здравство во опколената енклава, јавува Анадолу.

Министерството додаде дека во нападите досега повредени се 85.911 лица, од кои повеќето жени и деца.

„Во израелските напади само во последните 24 часа загинаа 101 лице, а повредени се 169 други“, се наведува во соопштението.

Се додава дека многу тела сè уште се наоѓаат под урнатините во над осумте месеци израелски напади, и на патиштата, бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив.

Непочитувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива врз Газа по нападот на Хамас на 7 октомври.

Повеќе од осум месеци од почетокот на израелската војна, огромни делови од Газа се во урнатини, каде владее блокада на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата операција во Рафа, каде што повеќе од 1 милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ откри измама со ИПАРД фондовите во Албанија, ќе блокира 112 милиони евра од ИПАРД 3

Следно

Русија изврши голем напад врз електроенергетската инфраструктура на Украина

Latest from Blog

Омерагиќ го претстави Седлоски како нов селектор на Македонија

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, изјави дека новиот селектор на македонската репрезентација, Гоце Седлоски, е вистинскиот избор за оваа позиција. „Баравме човек со ‘фајтерски’ карактер, го добивме во Седлоски,

Тасев: Ахмети се заканува и ги испомеша орлите со лавовите, а всушност треба да го прифати изборниот пораз

Али Ахмети повторно се обидува да се заканува. На неделниот когрес ги извади истите, одамна потрошени трикови. Со говор полн со закани, митологија и самовеличење се обиде да нe убеди дека сe

Авторот на „Кол оф дјути“, Винс Зампела загина во сообраќајка

Несреќата се случи на автопатот Анџелес Крест во Јужна Калифорнија (САД), откако Зампела ја изгубил контролата врз своето „Ферари“, пишува „Ен-би-си Лос Анџелес“ (NBC Los Angeles). Според извештајот на Калифорниската полиција несреќата
Go toTop