АВМУ: Инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржина и јутуберите да се регистрираат во Агенцијата

January 16, 2026
1 min read

Од Агенцијата за аудио и аудиовузуелните медиумски услуги (АВМУ) ги информираат инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржини, јутјуберите, односно физичките лица кои се даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање, дека со измени на законската медиумска легислатива во 2023 година подлежат на регулација и имаат обврска да се регистрираат во АВМУ.

– Со измените на медиумската легислатива во јули 2023 година првпат официјално беа препознаени постоењето и влијанието на инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржини, јутјуберите, односно физичките лица кои се даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање. Овие субјекти сега подлежат на регулација и имаат обврска да се регистрираат во Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги – се вели во денешното соопштение од Агенцијата.

Обврската, додаваат од таму, важи за оние инфлуенсери, влогери, креатори на содржини, јутјубери и слични даватели на аудиовизуелни медиумски услуги на барање, кои ги исполнуваат следниве критериуми: аудиовизуелните медиумски услуги ги обезбедуваат преку платформи за споделување видеа (на пример, „Јутјуб“, „Инстаграм“, „Тик-ток“ и слично); имаат повеќе од 10.000 следбеници или претплатници; остваруваат економски интерес од медиумската услуга; во последните 12 месеци објавиле најмалку 24 аудиовизуелни содржини; и целта е да информираат, образоваат, забавуваат и за содржините да имаат уредничка одговорност.

Критериумите подетаљно се објаснети во правилникот на Агенцијата, со кој се уредуваат формата и содржината на пријавата за евидентирање во регистарот на даватели на аудиовизуелните услуги по барање.

Со оглед на тоа што станува збор за законска обврска, Агенцијата ги повикува сите инфлуенсери, влогери, креатори на содржини и јутјубери, кои ги исполнуваат посочените критериуми, најбргу што може до Агенцијата да достават пријава за евидентирање во регистарот.

Сите релевантни документи поврзани со работењето и обврските на овие субјекти се достапни на веб-страницата www.avmu.mk, во посебниот банер „Инфлуенсери/Влогери“.

За дополнителни информации и појаснувања, заинтересираните субјекти може да се обратат до Агенцијата на е-адресата [email protected].

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

БОЖИНОВСКА: MES Racing е пример за успешна практична едукација

Следно

Европска војска доаѓа на Гренланд – Белата куќа: Тоа нема да влијае на ставот на Доналд Трамп

Latest from Blog

Богатите во бегство од Дубаи- приватните летови достигнаа астрономски цени

Додека повеќето туристи остануваат заглавени во хотели и на крстосувачки бродови, цените на приватните летови драстично се зголемија, објавува „Гардијан“. Нападите се случија како одговор на нападите на САД и Израел врз

Тошковски – Хани: Зајакнување на антикорупциските механизми и унапредување на регионалната соработка

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со директорот на Секретаријатот на Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ), Алберт Хани, на која беа разгледани можностите за продлабочување на соработката во насока

Ова се мајката и ќеркичката кои скокнаа од зграда во Скопје: Мојата внука и мојата сестра се жртви на системот, вели нејзиниот брат

Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство. Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем … После години на пријавувано
Go toTop