ДСЗИ ќе бара од Таравари формирање стручна комисија за лекувањето на деветгодишното дете

January 20, 2025
1 min read

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе побара од министерот за здравство Арбен Таравари да се формира стручна комисија за лекувањето на деветгодишното дете од светиниколско, кое почина на 14 јануари. Информацијата денеска за МИА ја потврди директорот на Инспекторатот, Кирил Лазов.

Вонреден инспекциски надзор за лекувањето на детето беше извршен на три места – почнувајќи од матичниот лекар, Клиничката болница – Штип и на Клиниката за детски болести во Скопје. Од извршените вонредни инспекциски надзори во овие здравствени установи, Државниот санитарен и здравствен инспекторат не констатирал недостатоци.

Стручната комисија треба да утврди дали имало некоја лекарска грешка при лекувањето на деветгодишното дете.

Во приватната здравствена установа, детето се појавило заради болки во стомакот и повраќање, кашлање, висока температура и не спиење претходниот ден.

– При преглед, детето било поспано, афебрилно, без убедливи знаци за дехидратација. Направени му се лабораториски испитувања по што дадена му е инфузиона терапија во тек на која кај детето настапува сомнолентност со слаба реакција на говор заради што е упатено во ЈЗУ Клиничка болница – Штип, беше појаснето од страна на ДСЗИ по надзорот.

Во Клиничката болница во Штип, детето било донесено со такси возило, примено попладнето околу 18 часот, прегледано од дежурен доктор при што била поставена дијагноза сомноленција.

– Во ЈЗУ КБ – Штип, повторно му се извршени лабораториски испитувања и дополнително КТМ на глава. Заради општата лоша здравствена состојба како и наодите од лабораториските испитувања и КТМ, детето во придружба на медицинска екипа – доктор, сестра, со болничко возило транферирано е во ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести. Во ЈЗУ УК за детски болести, детето е донесено на 14 јануари во 20:25 часот како итен случај со дијагноза сомноленција по претходна најава и договор за прием со дежурен доктор од Одделот за неврологија на Клиниката. На прием детето е во општа тешка состојба поради што веднаш е започната со рехидратација и корекции на биохемиски параметри. Во 22:25 часот има дополнително влошување со респираторен и кардиак аррест, започната е реанимација во тек на која е симнато на ОИНТ за понатамошен третман. Состојбата на детето и понатаму се влошува и покрај сите пропратни интервенции, реанимацијата не е прифатена и во 23.30 часот настапува егзитус, појаснија од ДСЗИ.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Средношколски Форум: Денеска нема настава во 90 отсто од средните училишта во Белград

Следно

Концертот „Филхармонија на кирилица“ ќе се одржи без солитичкиот дел на пијанистката Нина Костова

Latest from Blog

ЗНАМ со кандидат за Центар – ВМРО-ДПМНЕ немал да кандидира свој, ќе го поддржи оној на ЗНАМ

Се уште траат преговорите на владините партнери ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ околу настапот на локалните избори. Иако од партијата на Максим Димитриевски рекоа дека тие ќе настапат самостојно, сепак, поддршка ќе имаат меѓусебна

СДСМ: Сомнителен тендер за лични карти во МВР во пресрет на локалните избори

СДСМ денеска ја обвини Владата дека во најстрога тајност започнала постапка за избор на нов систем за производство и издавање лични карти и пасоши, само неколку месеци пред локалните избори. На прес-конференција

Опожарени два дома во Куманово, граѓаните реагираат на секојдневно палење на смет на потег од „Стари Лозја“ до влез на „Перо Чичо“

Два семејни дома биле опожарени вчера во Куманово, соопшти денеска регионалниот центар за управување со кризи. Пожарникарите гаселе пожар на запалена кровна конструкција во село Пчиња до 15 часот со една екипа.

На поплавените улици во Париз полициско возило ја пушти познатата музика од филмот „Титаник“

СКОПЈЕ (АА) – По ненадејните поплави во Париз поради силната бура што го погоди градот, забележано е полициско возило како се движи по поплавените улици и на звучник ја пушта познатата музика
Go toTop