Сиљановска-Давкова за ветото: Јас не сум Уставен суд и нема да оценувам, упатив повик уште еднаш да се разгледаат членовите од Законот

January 7, 2025
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека немала намера да употреби вето за да навреди некој јазик или нација, ниту, пак, се водела од партиски совети.

Таа рече дека за спорните членови 9 и 10 од Законот за заштита на децата ги информирала Владата и надлежните министри пред да го достави указот до Собранието и се водела од Уставот, Законот за македонски јазик и Законот за употреба на јазиците.

„Јас не сум законодавец, нема да предложам решение, не сум Уставен суд, значи нема да го оценувам преку ветото, само упатив повик уште еднаш да се разгледаат членовите 9 и 10 и да се размисли дали ваквиот начин на полагање и добивање на лиценца нема да внесе или да отвори простор за дискреционо овластување“, изјави Давкова одговарајќи на новинатско прашање, појаснувајќи дека во предложеното законско решение, формулацијата најмалку 20 проценти, не е како што е во Уставот и законите.

Давкова рече дека кога испитот се полага на албански јазик, не е спорно да се добие и лиценца на албански јазик, но во членовите има одредби што парламентарниот состав треба уште еднаш да ги прочита.

Од Владата претходно порачаа дека Законот за заштита на децата ќе биде доработен според забелешките на претседателката, па повторно вратен во собраниска процедура, а на прашањето денес се осврна и премиерот, Христијан Мицкоски.

„Како што сум информиран станува збор за член 9 и 10 од истиот закон, и тие два члена, така како што се формулиани се спротивни на Уставот и на Законот за јазиците. Мислам дека е формалност и рутина и ќе бидат коригирани во согласност со Уставот и Законот за јазиците, и вратени во парламентарна процедура. Очекувам успешно освојување. За сите оние кои влегуваат во рамките на Законот за употреба на јазиците, станува збор за сите оние припадници кои се повеќе од 20 отсто, несмасно е сето тоа направено, тоа е една формулација која ќе се надмине наскоро. Се знае, службен јазик е македонскиот јазик, но сите оние во случајот Албанци кои ќе сакаат и ќе побараат на албански да биде формуларот за полагање на лиценцата, ќе биде тоа прецизно формулирано и согласно уставот и законот за јазици ќе го добијат тоа право“, рече Мицкоски.

Законот за заштита на децата е првиот закон за кој Сиљановска го употреби правото на вето и не го потпиша указот. Спорни според нејзе се одредбите од законот кои предвидуваат двојазични лиценци во градинките, бидејќи како што стои во забелешките „начинот на употреба на македонскиот јазик и јазикот кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните“ се веќе уредени со Закон.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска: Ниту сум имала намера, ниту некогаш ќе направам такво нешто да употребам вето за да навредам некој јазик

Следно

Густа магла го обви познатиот мост „Голден гејт“, симболот на Сан Франциско

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop