ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Вреди го изгласаа Буџетот за 2025 година, тежи 6,5 милјарди евра

December 10, 2024
2 mins read

Владејачкото мнозинство во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Вреди, го изгласа Буџетот за 2025 година. Тие попладне на 22-та собраниска седница го изгласаа досега најголемиот Буџетот, кој тежи 6,5 милони евра, со 69 гласа „за“ и 5 „против“. Во него вкупните приходи се планирани на ниво од 358,8 милијарди, а расходите на ниво од 400,2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 41.350 милиони денари, односно на 4 проценти од БДП, а планираниот раст на економијата е 3,7 проценти.

Според министерката за финансии од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска-Кочоска, Буџетот се базира на реални макроекономски претпоставки и фискални проекции, обезбедува непречено функционирање на институциите и државата, редовно сервисирање на обврските и има развојна компоненета преку поттикнување на реализација на значаен инвестициски циклус.

Од друга страна опозициската СДСМ, на денешната седнциа, тврдеше дека  ВМРО-ДПМНЕ скори буџет од 6,5 милијарди евра, во кои нема пари за граѓаните.

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска потсети дека ВМРО-ДПМНЕ, во време на корона криза, 2022 година, го оспоруваше буџетот од 4,4 милјарди евра, како нереално проектиран буџетот.

„Буџетот во време на енергетската криза, во 2023 година, од 5,3 милијарди евра, ВМРО-ДПМНЕ, го оспоруваше како инфлаторен и неразвоен, а буџетот од 5,5 милјарди евра за 2024 година, односно во годината во која се опоравуваме од кризите, го етикетираше како ‘напумпан’. Сега во 2025, ВМРО-ДПМНЕ, носи најголем буџет, гломазен, од 6,6 милијарди евра и тоа без каква било кризна состојба. Ако предложениот буџет од 2024 за тогашната опозиција, а сегашна власт беше мегаломански, напумпан, расипнички, тогаш со какви зборови да го опишеме овој, кој е за една милијарда поголем’ , рече Лукаревска.

Според Лукаревска иако низ целиот Буџет, провејува оптимистичка проекција, доколку истата се оствари ќе има соодветно влошување на финансиската консолидација.

„На пример раст од 13,1% на приходи од данок на личен доход во 2025, во однос на планираните во 2024 е тешко да се оствари затоа што имаме отсуство на даночна реформа, за која слушнавме дека ќе биде во 2026, во услови на ниска инфлација и забавен раст на платите. Покрај ова има даночни приходи, кои се проектирани да растат уште посериозно и од 19 или 20%, како што се акцизите и царинските давачки“, рече Лукаревска.

На денешната седница со 74 гласа „за“, Собранието ја донесе и одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите.

Предложената одлука, како што истакна заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски е за финансирање на обврските на буџетските корисници кои беа наследени од претходната власт, а средствата ќе бидат земени од ставките кои е јасно дека нема да бидат реализирани до крајот на годинава.

„Со предложената одлука, се врши реалокација на 9,3 милијарди денари од кои 2,2 милијарди се даваат на Фондот за пензиско осигурување, 1,9 милијарди за Министерството за социјална политика, демографија и млади, 1,2 милијарди денари во Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој, 1,16 милијарди денари за трансфери кон Фондот за здравствено осигурување, 873 милиони денари во МВР за реализација на проектот на Сејф сити и други потреби, 656 милиони денари во Влада за финансиска поддршка на компаниите, 543 милиони денари во МОН за студентски и ученички стандард, 267 милиони денари за Министерството за дигитална трансформација, 203 милиони денари Министерство за култура, 168 милиони денари за Министерството за транспорт, 130 милиони денари во Министерството за здравство за лекови за пациенти со ретки болести, 94 милиони денари на Управата за извршување на санкции, 50 милиони денари за АХВ, 35 милиони за МЖСПП“, рече Јанкуловски.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

МФ: Усвоен Буџетот за 2025 година – инвестициите во фокусот за забрзување на растот

Следно

Сиљановска Давкова на конференцијата „Превенција и заштита од насилство врз жени и девојчиња: Мора да се справуваме со корените, а не со последиците

Latest from Blog

Димитриеска Кочоска за „недела неработен ден“: Ако некоја компанија сака да работи, може да работи!

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 истакна свое мислење во врска со „Недела неработен ден“. Според неа, доколку една компанија сака да работи, може да работи

Костовски: МТФ е најдобра федерација во Македонија за 2024 година

Македонската таеквондо федерација е најдобра федерација во Македонија за 2024 година, објави Дарко Костовски, градоначалник на Општина Бутел, на совот фејсбук профил. „Спортско откритие на годината Теодор Стојановски, врвен спортски успех сребрен

Израел го повика амбасадорот на Ватикан откако папата ги критикуваше нападите во Газа

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Израел го повика амбасадорот на Ватикан во Тел Авив, во Министерството за надворешни работи, откако поглаварот на Римокатоличката црква и Ватикан, папата Франциск, рече дека тоа што се

Димитриеска Кочоска: Сметам дека вториот пензиски столб е непотребен, ни прави дополнителен трошок!

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 порача дека смета оти вториот пензиски столб е непотребен. Според неа, тој ни прави дополнителен трошок. „Јас сметам дека вториот

Бобан Илиоски и Милијана Релиќ се спортиски на годината

Министерството за спорт вечерва ги додели наградите за најдобрите македонски спортисти, тренери и тимови за 2024 година. Спортист на годината е кикбоксерот Бобан Илиоски, а спортистка на годината е таеквондистката Милијана Релиќ.
Go toTop