Мицкоски- Кошта: Претставени позициите на Македонија во однос на европските интеграции

December 3, 2024
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски доцна попладнево во Брисел имаше средба со новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта на која е разговарано за процесот на пристапување на земјава кон ЕУ.

– Пријателската средба ја искористив за лобирање и претставување на позициите на Македонија во однос на европските интеграции и можноста за нивното забрзување, објави Мицкоски на неговиот профил на Фејсбук.

Средбата се одржа пред неформалната работна вечера што Кошта ја организираше за лидерите од земјите од регионот на Западен Балкан.

Покрај Мицкоски, на вечерата беа поканети и косовската претседателка Вјоса Османи, претседателите на Србија и на Црна Гора, Александар Вучиќ и Јаков Милатовиќ, претседавачката на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цијановиќ и премиерите на Албанија и на Косово, Еди Рама и Албин Курти.

Претходно во Брисел, Мицкоски се сретна и со новата еврокомесарка за проширување Марта Кос со која разговарал за „стратешките интереси на Македонија во однос на проширувањето на ЕУ и подготвеноста на државата да успее на патот кон Европската Унија“.

Во видео обраќање од Брисел, Мицкоски изјави дека на двете средби порачал оти Владата останува фокусирана на реформите и дека е подготвена да разговара за се што е принципиелно за државата и граѓаните, но дека ултиматуми не прифаќа.

– И на двете средби во исклучително пријателска, и би рекол срдечна и конструктивна атмосфера, разговараме за сето она што ние досега го имаме поминато како предизвик во минатото, за сето она кое што ние требаше, а се откажавме во името на европските вредности, но истовремено ги реафирмиравме нашите ставови дека ултиматуми не прифаќаме, дека сме подготвени да разговараме и подготвени сме да разговараме онолку колку што е потребно за да најдеме начин како да го отвориме првиот кластер, брзо да го поминеме тој процес на преговори и да станеме земја членка во Европската Унија, изјави Мицкоски.

Тој додаде и дека Владата останува посветена на обезбедување подобар живот за граѓаните и дека како дел од таа агенда е и инспирацијата државата да биде дел од европското семејство.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Учество на Муцунски на редовниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО

Следно

Каранфилова-Пановска: Тенденции за воведување на нов режим во Македонија

Latest from Blog

Другата недела во вторник, пред пратениците ќе се најде Предлог буџетот за 2025 година

За една недела, во вторник (10. декември) пред пратениците ќе се најде Предлог на закон за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година. На дневниот ред на 22 собраниската

Што би значело укинувањето на Вториот столб за осигурениците? Одговара Саздов

Дарко Саздов од МАПАС вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 објасни што би значело укинувањето на Вториот столб во пензискиот систем. „Дефинитивно ќе направиме поголеми проблеми затоа што веќе имаме големи инвестиции

Мицкоски за две недели повторно на самит во Брисел, ќе продолжел со нови аргументи

По враќањето од Брисел премиерот, Христијан Мицкоски, рече дека новото раководство на Брисел го запознал со владините аргументи за надминување на спорот со Бугарија. Тој најави дека разговорите ќе продолжат и тоа

Ноќна обиколка низ Богота со божиќен воз

Стотици жители на Богота, главниот град на Колумбија, уживаа во возењето со божиќниот воз Савана во рамките на прославата на празничната сезона, јавува Анадолу. Дизел локомотивата со 14 вагони украсени со прекрасни
Go toTop