Челси месец дена без Рис Џејмс

November 29, 2024
1 min read

Англискиот премиерлигаш Челзи во наредните месец дена нема да може да смета на услугите на капитенот Рис Џејмс. Десниот бек се повреди, а по деталните прегледи потврдено е дека има истегнување на мускулот и ќе мора да паузира четири недели. Џејмс нема среќа со повредите, а сезонава одигра само четири натпревари.

„Мислам дека е најдобро за неговиот случај да не коментираме многу. Колку повеќе зборуваме за тоа, толку повеќе расте притисокот врз него“, рече тренерот на Челзи, Енцо Мареска.

Челзи сезонава игра добро во Премиер лигата и по 12 кола е на третото место на табелата со 22 бода, само еден помалку од второпласираниот Манчестер сити, додека лидерот Ливерпул има 31 бодови.

Следен ривал на тимот од Лондон е Астон вила, а дуелот ќе се игра на 1 декември на „Стемфорд бриџ“.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: За Данела Арсовска сите се криви, само таа не

Следно

Претседателката Сиљановска Давкова на средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ

Latest from Blog

ЕФ бара од обвинителството постапка против власта – од ВРЕДИ вратија, ДУИ е таа која ја прифати методологијата на пописот

Европскиот фронт ќе поднесе барање до Обвинителството да покрене постапка за актуелната власта затоа што во изминатата година при финансирање на општините не ги зела во предвид и граѓаните кои живеат надвор

Цените растат, народот купува: статистиката открива парадокс во потрошувачката

И покрај рекордно високите цени и инфлацијата, македонските граѓани продолжуваат да трошат сè повеќе во трговијата на мало. Последните податоци за мај годинава откриваат интересен и загрижувачки тренд: прометот во трговијата на

Пожар на глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Пожар избувна на пловен објект закотвен во Студенчишкиот канал на Охридското Езеро. Станува збор за брз мотерен чамец, на кој пламенот се појавил непосредно откако сопственикот го стартувал моторот на пловилото. Веднаш

Вимблдон никогаш повеќе нема да биде ист, ова се случува за првпат по 148 години

За првпат во својата 148-годишна историја, најпрестижниот тениски турнир во светот – Вимблдон – ќе се игра без линиски судии. Нивното место го зазема технологијата. Денеска започнува ново издание на Вимблдон, турнир
Go toTop