(ВИДЕО) Двајца мажи извлечени од урнатините по 261 час

February 17, 2023
1 min read

Двајцата мажи биле повредени и многу исцрпени, па спасувачите ги однеле во ургентен центар, додека луѓето околу нив аплаудирале на уште едно чудесно спасување

Двајца мажи на возраст од 26 и 34 години биле извлечени живи од рушевините во градот Антакија, по цели 261 час од почетокот на земјотресот.

Екипите стигнале до Мустафа Авџи и Мехмет Али Сакироглу, кои биле затрупани под урнатините на болницата, јавуваат турските медиуми.

Тие биле повредени и многу исцрпени, па спасувачите ги однеле во ургентен центар, додека луѓето околу нив аплаудирале на уште едно чудесно спасување.

Турскиот министер за здравство на Твитер напиша дека Мустафа веднаш по извлекувањето инсистирал да им телефонира на роднините. Спасениот човек по давањето првична медицинска помош во монтажна болница, е пренесен во медицинска установа, напиша Коџа на Твитер.

Претходно по 260 часа поминати под урнатините беше спасен дванаесетгодишниот Осман Халебије.  

Единаесет дена по разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија, бројот на загинати е повеќе од 43 000 луѓе. Турските власти соопштија дека најмалку 38 044 луѓе загинаа во земјотресите што ја погодија земјата, додека сириската влада и Обединетите нации соопштија дека во Сирија загинале повеќе од 5 800 луѓе.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

В недела бесплатен разглед на Скопје и Битола по повод Меѓународниот ден на туристички водичи

Следно

Недостaпен е неколку дена: Ни трага, ни глас од кинескиот милијардер Фан Бао

Latest from Blog

Израелскиот министер Бен-Гвир со поддршка од американските републиканци за бомбардирање на складиштата со помош во Газа

АНКАРА (АА) – Израелскиот министер за национална безбедност од крајната десница, Итамар Бен-Гвир, денес изјави дека добил поддршка од американските републиканци за неговиот предлог да се бомбардираат складиштата со храна и хуманитарна

„Држава во која граѓанинот треба да плати за да добие услуга, не може да напредува“, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска на дебатата за реформска агенда во Владата, рече дека држава во која граѓаните треба да платат за некоја услуга не може да напредува. Исто така рече дека обвинителството

Северна Македонија со просечна плата од 700 евра – каде сме во споредба со регионот?

Просечната месечна нето-плата по вработен во Северна Македонија за февруари 2025 година изнесува 43.053 денари, односно околу 700 евра, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Ова претставува зголемување од

Захарова ја обвини Германија за русофобија и знаци на неонацизам

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека плановите на германските власти да му забранат на рускиот амбасадор во Берлин да присуствува на церемонијата по повод 80-годишнината од поразот
Go toTop