Османи со писмо до пратениците: Уставните измени не ги правиме под диктат на Бугарија, ниту поради уцена од нејзина страна

August 17, 2023
2 mins read

Со промената на Уставот, ќе стане јасно дека покрај македонскиот народ во земјава живее и дел од бугарскиот народ, кој е различен. Одговорно кажувам дека ова не го правиме под диктат на Бугарија, ниту заради уцена од нејзина страна. Ова е компромис во преговорите откако нивниот меморандум до ЕУ за непризнавање на македонскиот јазик и нација не доби поддршка од земјите членки. Компромис со кој го заштитивме македонскиот јазик и идентитет, вели Османи во писмото испратено до пратениците

Министерот за надворешни работи Бујар Османи пред утрешната седница на Собранието на која единствена точка на дневен ред е Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Северна Македонија, денеска испрати писмо до пратениците со кое ги повикува да ги поддржат уставните измени. 

„Јас лично не се сомневам дека со оваа промена на Уставот ќе направиме било каква грешка, напротив ќе отвориме ново поглавје на развој и стабилност за нашите граѓани. Како што веќе многупати повторував во сите мои јавни настапи, оваа промена не менува ништо во положбата на Бугарите во земјава и во однос на правата што досега ги имаа и им ги гарантираше Уставот“,

вели Османи во писмото.

Оваа промена, додава тој, ни дава можност на Република Бугарија и на светот да им докажеме дека тие не се дискриминирани, бидејќи реално тоа е така. Ова е можност да ги одземеме сите аргументи, а потоа да се втурнеме брзо кон реформските процеси кои се најважни за нашите граѓани и во наш најдобар интерес.

„Со промената на Уставот, ќе стане јасно дека покрај македонскиот народ во земјава живее и дел од бугарскиот народ, кој е различен. Одговорно кажувам дека ова не го правиме под диктат на Бугарија, ниту заради уцена од нејзина страна. Ова е компромис во преговорите откако нивниот меморандум до ЕУ за непризнавање на македонскиот јазик и нација не доби поддршка од земјите членки. Компромис со кој го заштитивме македонскиот јазик и идентитет“,

нагласува Османи во писмото.

Османи вели дека ги разбира сите оние што стравуваат од можностите за натамошни обиди за негирање и наметнување нови билатерални услови.

„Најодговорно тврдам дека историските и идентитетските прашања не се дел од патоказите и одредниците од кои зависи отворањето и затворањето на поглавјата. Со оваа промена на Уставот, ние само ќе ја зајакнеме нашата меѓународна положба и ќе ја зголемиме меѓународната поддршка за нашите цели. Низ преговорите, шансите да продолжиме да ја промовираме и унапредуваме македонската национална посебност, историја и култура ќе бидат значително подобри и зајакнати“,

додава Османи.

Според него, секој човек и политичар би бил среќен да биде запаметен во историјата дека постапил правилно кога било најважно. Да остане запаметен, како што вели, дека бил на вистинската страна, дека не се колебал во одлуката со која помогнал земјата да оди напред, а луѓето во неа да живеат подобро.

Во петок, додава Османи, започнува дискусија по која ќе следи гласање за второто најважно прашање кое било кој парламентарен состав требало да ги донесе во историјата на земјата по независноста – по зачленувањето во НАТО, остварување на втората стратегиска цел на државата за приклучување кон напредното Европско семејство на држави.

„Во петок вие ќе одлучувате за европската иднина на Северна Македонија, определба за која работиме и работеа сите влади во изминатите 30 години. Од вас ќе зависи дали со прифаќање на промената на Уставот ќе ги продолжиме разговорите по поглавјата за членство во Унијата или ќе запреме во преговорите на подолг рок, до некоја нова шанса, без никаква гаранција за успех, поттикнувајќи го процесот на ’пасошизација’ на граѓаните кои бараат европска иднина за себе. Верувам и знам дека секој од вас сака да бидеме членка на Унијата составена од најдемократски и најбогати земји во светот која гарантира мир, демократски развој и економски просперитет“,

вели Османи.

Во процесот на преговорите, се додава во писмото од Османи, имавме за цел да го зачуваме и зајакнеме македонскиот јазик и македонскиот национален идентитет. Одговорно тврдам дека во тоа успеавме, вели тој. Македонскиот јазик за првпат беше прифатен и гласан во Советот на ЕУ помеѓу земјите членки и е недвосмислено дел од европските јазици. Овој факт не може никој да го побие, додава министерот Османи во писмото.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Моќната украинска 82-ра бригада влезе во контраофанзивата

Следно

Русија тврди дека спречила „терористички чин“ во регионот Краснојарск

Latest from Blog

Николоски од Ново Село: Инвестициите во инфраструктурата продолжуваат со силно темпо

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека Владата продолжува со реализација на значајни инфраструктурни проекти и подобрување на поврзаноста со македонската дијаспора. Тој информираше дека вечерва, на покана

Блумберг открива детали: Европејците и Русите тајно разговарале за мирот во Украина

Поранешни високи функционери од Обединетото Кралство, Франција и Германија се сретнаа тајно со неименуван поранешен функционер на Кремљ во Виена во јули за да разговараат за можни услови за мировни преговори за

Кои европски земји имаат минималец над 2.000 евра?

Евростат ги објави минималните плати за втората половина од 2026 година, покажувајќи дека само осум од 29 европски земји ја зголемиле својата бруто минимална плата помеѓу јануари и јули 2026 година, додека
Go toTop