(ВИДЕО) Зеленски од Берлин: Германија се покажа како вистински пријател, заедно ќе го вратиме мирот во Европа

May 14, 2023
1 min read

Во најпредизвикувачкиот период во модерната историја на Украина, Германија покажа дека е наш вистински пријател и сигурен сојузник кој е одлучно со украинскиот народ во борбата за одбрана на слободата и демократските вредности. Заедно ќе победиме и ќе го вратиме мирот во Европа, напишал Зеленски во книгата за гости на германското претседателство

ФОТО: EPA-EFE/FILIP SINGER

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по средбата со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, во неговата официјална резиденција во Берлин, се заблагодари на Германија за поддршката која и ја дава на Украина. Посетата на Зеленски на Германија е прва од почетокот на руската инвазија. Зеленски допатува во Берлин од Рим, каде вчера се сретна со италијанските власти и со папата Франциск.

Украинскиот претседател пристигна во Германија среде ноќ со авион на германската влада, а во воздушниот простор на земјата го придружуваа борбени авиони на германското воено воздухопловство.

„Во најпредизвикувачкиот период во модерната историја на Украина, Германија покажа дека е наш вистински пријател и сигурен сојузник кој е одлучно со украинскиот народ во борбата за одбрана на слободата и демократските вредности. Заедно ќе победиме и ќе го вратиме мирот во Европа. Ви благодариме, господине сојузен претседател, за личната поддршка на Украина и гостопримството, и на германскиот народ за фантастичната солидарност. Слава на Украина. Данке Дојчланд“,

напишал Зеленски во книгата за гости на германското претседателство.

Зеленски има средба и со германскиот канцелар Олаф Шолц и неговиот кабинет за безбедност, по што е закажана и прес-конференција.

Потоа Зеленски ќе отпатува во западниот град Ахен за да ја прими престижната награда „Карло Велики“ за неговиот придонес во Европа.

Германија, најголемата европска економија, на почетокот на војната се соочи со критики за нејзината неподготвеност да го поддржи Киев, но стана еден од најголемите даватели на финансиска и воена помош за Украина.

Германската влада, како што пренесува Ројтерс, ќе даде 2,7 милијарди евра воена помош за Украина, што е најголемиот таков пакет од почетокот на руската инвазија во февруари минатата година, и вети дека ќе продолжи да го поддржува Киев онолку колку што е потребно.

Зеленски го поздрави тоа на социјалните мрежи како „силен пакет“, укажувајќи дека има намера да разговара за испораките на оружје со германски официјални претставници, како и за воздушната одбрана, реконструкцијата, обидот на Украина за членство во ЕУ и безбедноста. Зеленски последен пат ја посети Германија на Минхенската безбедносна конференција во февруари минатата година, непосредно пред избувнувањето на војната.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јапонија ги завршува подготовките пред Самитот на лидерите на Г7: Зголемени безбедносните мерки во Хирошима

Следно

Лукаку: Интер се уште може да освои два трофеja

Latest from Blog

Божиновска алармира: Со вакво темпо, за родова еднаквост ќе ни требаат 57 години – жените во енергетиката ни се потребни денес

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на настан организиран во рамки на проектот ELeVATE (2025–2028), посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за развој на

Млекара доминира со блок-трансакција, берзата стабилна со минимален пад на МБИ10 од 0.03%

Изготвено од Илирида Инвестментс АД Скопје, врз основа на официјални податоци од Македонска берза На берзанската сесија од 9 февруари 2026 година, индексот МБИ10 забележа минимален пад од 0,03% и ја заврши

Млекара со доминантен промет преку блок-трансакција – МБИ10 со минимален пад од 0,03%

Вкупен промет од 483,21 милиони денари и стабилен ОМБ – сесијата обележана од блокови Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од

Коњановски: Градоначалничкиот мандат започна со нови градинки, спортски терени и дигитализација

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, го презентираше отчетот за првите 100 дена од новиот мандат, истакнувајќи дека фокусот е на инфраструктура, образование, спорт, култура и енергетска транзиција. Во овој период беше

Никола Ѓурѓај: „Нема да молчиме пред одлуки штетни за македонското население“

Македонското друштво “Илинден“-Тирана остро се спротивставува на отворањето мигрантски центри на територијата на општина Пустец. Сметаме дека ваквата одлука е донесена без претходна консултација со локалното население, без организирање јавна расправа
Go toTop