Вучиќ: Ќе ги прифатиме сите барања на родителите од „Владислав Рибникар“

May 12, 2023
1 min read

Зборувајќи за седумте барања на родителите од училиштето, Вучиќ рече дека државата веќе презема или исполнува најголем дел од овие барања, а други наскоро ќе бидат исполнети или е подготвена да ги исполни

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија ќе ги прифати сите барања на родителите од училиштето „Владислав Рибникар“ во кое се случи масакрот во кој загинаа осум ученици и чуварот.

Зборувајќи за седумте барања на родителите од училиштето, Вучиќ рече дека државата веќе презема или исполнува најголем дел од овие барања, а други наскоро ќе бидат исполнети или е подготвена да ги исполни, јавува Б92.

„Сметаме дека се разумни. Во тешки времиња како ова, требаше да се разјаснат работите за да видиме како можеме да им помогнеме. Ќе ангажираме и светски експерти од норвешката амбасада бидејќи го имаа случајот со Брејвик, во кој беа убиени 77 лица. Да видиме како после тоа“,

рече Вучиќ.

И УНИЦЕФ ќе се вклучи, како што рече, „да видиме како сега после сè, да се справиме со посттрауматските синдроми“.

„Слушајќи ги експертите, ангажиравме и плативме за дополнителни трошоци на Институтот за ментално здравје во Белград. Ќе ги донесеме најдобрите експерти од Лос Анџелес и Норвешка да работат на поддршка на родителите и децата и да се извлечеме од оваа голема болка што не снајде“,

рече Вучиќ и додаде дека Србија ќе продолжи да вработува доволен број полицајци за децата да бидат безбедни на училиште.

Претседателот на советот на родители на ОУ „Владислав Рибникар“, Игор Ѓорѓевиќ, пред два дена презентира низа барања што ги имаат, а кои се упатени до надлежните органи.

Како што информира тој, врз основа на заклучоците што се донесени едногласно, изгласани се следните барања:

  • Бараме реконструкција на настанот, објаснување како се случил, како тече истрагата и во која фаза е.
  • Професионално да им објасни на родителите што ќе биде со момчето и каков е статусот на неговите родители бидејќи кај децата постои голем страв дека ќе биде на слобода.
  • Тим од надворешни психолози и психијатри кои редовно ќе работат со учениците од 7-2 одделение без учество на училишниот педагог и психолог, заради обезбедување непристрасност. Родителите мора писмено да бидат информирани за програмата, како ќе работат со децата и да им бидат доставени биографиите на сите професионалци вклучени во програмата.
  • Доколку се одлучи учебната година да се продолжи за 7-2 одделение, мора да се најде начин да не влегуваат во училиштето преку главниот влез и да имаат настава во една од училниците во близина на малиот излез.
  • Бараме целосно реновирање на училиштето од 1 септември.
  • Обезбедуваме целосна поддршка на целиот наставен кадар.
  • Бараме да се утврди целосната одговорност на лицата кои го објавија списокот со имињата од 7-2  одделение кој го обиколи светот, како и сликите на децата и родителите и за тоа да бидат санкционирани.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Кенија: Пронајдени 150 тела на следбениците на култот на изгладнување

Следно

„Ричард трети“ на Пројковски на Меѓународна театарска олимпијада во Унгарија

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.

Николоски од Прилеп: Ќе го поврзиме градот со целосно автопатско решение

Вечерва на промоција на кандидати за советничката листа и промоција на кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски ги посочи проектите и плановите кои треба

Косовска влада ПУШТЕНА НИЗ ВОДА САКА ДА СЕ ИСПЕРЕ: Односите со САД остануваат стабилни, ги поздравуваме КРИТИКИТЕ?

Портпаролот на заминувачката косовска влада, Перпарим Криезиу, по одлуката на САД да го суспендира стратешкиот дијалог со Косово изјави дека односите со САД остануваат стабилни. Тој, исто така, на Фејсбук изјави дека
Go toTop