Курти: Србија ги смета Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово за привремени држави

January 13, 2023
1 min read

Србија ја игра улогата на Русија на Балканот. Таа ја гледа Република Српска на сличен начин како што Русија ја гледа својата соседна Белорусија, односно како регион под нејзина контрола, вели Курти

Косовскиот премиер Албин Курти во интервју за австрискиот дневен весник „Стандард“ зборувал за односите меѓу Приштина и Белград.

Курти смета дека Србија е причина број еден за сите проблеми на Балканот, а во опширното интервју се осврнал и на БиХ, пишува „Кликс“.

„Вучиќ зборува за Косово секоја недела. Тој е опседнат со Косово. Тој мисли дека Ирак и Авганистан биле неуспеси и мрази дека Косово е успешна приказна на НАТО“,

изјави Курти за виенскиот весник.

Тој тврди дека Србија е под големо влијание на Русија и дека српската влада ги смета БиХ, Црна Гора и Косово за само привремени држави.

„Србија ја игра улогата на Русија на Балканот. Таа ја гледа Република Српска на сличен начин како што Русија ја гледа својата соседна Белорусија, односно како регион под нејзина контрола“,

вели Курти и додава дека Србија со години е руска покраина и дека неутралноста на Србија е само измислена.

Курти посочува дека регионалното седиште на рускиот медиум „Спутник“ се наоѓа во Белград, а 56 отсто од српската нафтена компанија е во сопственост на „Газпром“, како и 51 отсто од најголемото складиште за гас, пишува „Кликс“.

Косовскиот премиер потсетил дека Србија не воведе санкции кон Русија и не ја осуди војната против Украина. Курти наведува дека Српската православна црква не е солидарна со Украинската православна црква, туку само со онаа во Москва.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Менди ослободен од обвиненијата за шест силувања, го чека судење и за седмо

Следно

Вонредна состојба поради торнада во јужниот дел на САД, седум жртви досега

Latest from Blog

Божиновска ќе се сретне со американскиот секретар за енергетика на трансатлантски форум во Атина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе присуствува на Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC), што ќе се одржи во Атина, Грција, по официјална покана од американскиот секретар

Шведска воведува затвор за 13-годишници

Шведскиот премиер Улф Кристерсон во септември објави планови за намалување на возраста за кривична одговорност за најтешките кривични дела, вклучувајќи убиство и тешка експлозија, од 15 на 13 години. Реформата на законот

Проданоски: Почит кон културното наследство на Прилеп – ѕвезда на Коста Смилески

Синоќа во Прилеп, заедно со членовите на семејството на Коста Смилески, беше откриена ѕвездата на патеката на познатите прилепчани, посветена на еден од најзначајните музички дејци на градот и македонската култура. Коста
Go toTop