„Анимал војсис“: Мерко лично ни кажа дека ќе излезе на улица и ќе убива кучиња – струшкиот градоначалник им врати: Што ќе ми се кучиња, кога имам шест внучиња?

January 12, 2023
2 mins read

Од здружението „Анимал војсис“ ја информираа јавноста дека имале средба со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, на која присуствувале и директорот на ЈКП „Комунално” Струга и инспектор за животна средина. На средбата, според „Анимал војсис“, Мерко рекол дека „лично ќе излезе на улица и ќе ги убива кучињата“, односно дека „до сега ќе ги иструел ама не можел да најде отров“.

Активисти за заштита на животните, утре во 16 часот, пред Владаттаа, ќе организираат протест „за да се сопре убивањето и мачењето на кучиња“. Ваквиот повик доаѓа откако маж од струшко со пушка усмрти десетина улични кучиња во Струга.

„Ги повикуваме сите граѓани да излеземе во петок како револт за немилите настани каде беа пукани и убиени кучиња во Струга. Ве повикуваме сите да покажеме дека вака веќе не може и дека нема да молчиме на злосторствата кои се случуваат пред наши очи! Дојдете во петок со транспаренти, со свирчиња, со црвена боја во било која форма како симбол за сите невини убиени животни бидејќи ние сме гласот на сите безгласни невини души. Нема да прифатиме ова да биде новата нормланост. При здрав разум се правиме глупави, а психопатите ги ‘превземаат работите во свои раце’. Не решаваат ништо освен да ја задоволат нивната потреба за изживување врз животни! Доста беше!“,

се вели во повикот објавен на социјалната мрежа Фејсбук.

Во меѓувреме, од здружението „Анимал војсис“ ја информираа јавноста дека имале средба со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, на која присуствувале и директорот на ЈКП „Комунално” Струга и инспектор за животна средина. На средбата, според „Анимал војсис“, Мерко рекол дека „лично ќе излезе на улица и ќе ги убива кучињата“, односно дека „до сега ќе ги иструел ама не можел да најде отров“.

„На средбата ги истакнавме нашите предлози, како да се реши проблемот, се потрудивме да најдиме заедничко решение со кое би им помогнале на животните и граѓаните на Општина Струга, но бевме буквлано избркани! Градоначалникот директно и отворено ни кажа дека тој лично ќе излези на улица и ќе ги убива кучињата по кратка дискусија на тема решавање на проблемот, дека тој до сега ќе ги иструел ама неможел да најди отров по што веднаш поднесовме пријава до СВР Струга‼️ Од тука може да видиме какви луѓе ја водат општината, какви луѓе се на власт и зошто нема напредок во општините“,

напишаа од „Анимал војсис“ на Фејсбук.

Ваквите информации ги демантираше Мерко.

„Јас дома не чувам кучиња. Што ќе ми се кучиња, кога имам шест внучиња? Тие кои решиле да ги чуваат, треба тоа да го прават одговорно, а пак државата да поработи на измена на законите од оваа област. Вака, како што досега функционираат работите на темата со улични кучиња, гледаме дека се вртиме во круг, а проблемите се повторуваат“,

изјави струшкиот градоначалник за „Фокус“ нагласувајќи дека лично го осудува настанот со пукањето во Струга.

Тој бара од државата да го реши проблемот за кој биле предвидени десети илјади евра во општината, откривајќи дека лани имало тендер за заловување на кучиња во Струга на кој никој не се јавил.

Меѓу барањата на утрешниот протест кој ќе биде одржан во Скопје се и обезбедување 250 бесплатни кастрации или стерилизации месечно, микрочипирање, зголемување на бројот на инспектори во АХВ, зголемување на казните, забрана за оплодување на домашните миленици, освен за легално регистрираните одгледувачници, формирање посебна полиција за животни и изградба на азил за кучиња во секоја општина.

Коментирајќи ги проблемите со бездомните кучиња, премерот Димитар Ковачевски најави дека иако овој проблем не е во надлежност на државата ќе се побара помош од Брисел преку ИПАРД-програмите да биде изграден стационар во кој ќе се згрижуваат кучињата скитници.

„Јас разговарав со министерот за земјоделство, при следната посета на Брисел, со соодветните сектори да разговараме за одредена соработка преку ИПАРД-програмите и доколку може да се направи некој модел на стационар што ќе биде некаков државен проект, иако не е ингеренција на државата, со цел да можеме да им помогнеме на граѓаните и на општините во справувањето со овој проблем“,

рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на РЕК „Битола“.

Проблемот со бездомните кучиња премиерот го оцени како многу голем, а нагласи оти градоначалниците воопшто не се занимаваат со него, „како што не се занимаваат со многу работи што им се во надлежност“.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Смеењето е здравје, а Кате несебично го раздаваше тој чудесен лек каде и да се најдеше, рече актерот Ѓокица Лукаревски на комеморацијата во МНТ

Следно

Лула да Силва: За сто дена земјата ќе функционира со нормална брзина

Latest from Blog

Предлог притвор за 35-годишник од Кондово: Во неговиот дом неовластено држел пиштол и се заканувал

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став

Петар Богојески ги обедини партиите на Албанците

Именувањето на Петар Богојевски за раководител на Агенцијата за европски образовни фондови – институција што има за цел да ги приближува младите кон европските вредности, предизвика реакции во јавноста заради неговиот познат

Атанасова во Аргумент плус: Загуба на близок е најголема болка, на терен во Кочани и Штип работиме со родителите и блиските на жртвите

Психологот од гимназијата „Јосип Броз Тито“, Кристина Атанасова во Аргумент плус рече дека на повикот на МОН во соработка со Комората на писхолози, УНИЦЕФ и Црвениот крст на Македонија, за психолошка поддршка

Има 40 години, но нема намера да запре, Роналдо потпишува нов двегодишен договор со Ал Наср

Кристијано Роналдо не размислува за пензија и покрај годините кои ги има, информациите велат дека ќе потпише нов двегодишен договор со Ал Наср. Актуелниот договор на Роналдо со саудискиот клуб истекува по

Протест поради глувците во ОУ „Панајот Гиновски“ – учениците 4 дена без настава, директорката молчи

„Сакаме хигиена, сакаме хигиена…“ Со вакви скандирања учениците на училиштето „Панајот Гиновски“ Бутел го изразија револтот за како што велат лошата хигиена во образовниот објект и појавата на глувци. -Видовме глувци, вака
Go toTop