Зеленски: Иднината на Украина се одлучува на истокот од земјата каде се водат тешки борби

March 14, 2023
1 min read

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, ноќеска, во своето редовно обраќање до сонародниците, изјави дека иднината на неговата земја се решава во источна Украина, каде борбите се многу тешки.

-Ситуацијата на исток е многу тешка и многу болна. Мораме да ја уништиме воената моќ на непријателот и ќе го направиме тоа, рече Зеленски во ноќното видео обраќање.

Зеленски истакна дека Украинците сега се борат за иднината на земјата во Билохоривка, Маринка, Авдијивка, Бахмут, Вухледар и Камијанка, пренесе Си-Ен-Ен.

Украинскиот претседател додаде дека е благодарен на сите војници кои ги ставија своите животи на линија во тие битки.

Зеленски посебно им оддаде признание на војниците на 92. механизирана бригада за нивните успешни операции во областа Бахмут.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гвардиола: Ние целиме на трофејот во ЛШ

Следно

Собранието ќе ја одржи 79. пленарна седница

Latest from Blog

Две лица загинаа во напад на украински дрон во Белгородската област

Во напад на украински дрон врз приватна куќа во Стари Оскол во Белгородската област загинаа двајца цивили, изјави денеска гувернерот на таа област, Вјачеслав Гладков. – Избувна пожар, што доведе до делумно
Go toTop