Зошто сакаат да станат европратеници?

1 min read

Бруто плата на европарламентарец е 10.075 евра месечно, нето – 7.850 евра. Тоа се финансира од буџетот на Парламентот, односно од ЕУ.

Покрај тоа, секој пратеник има право на 4.950 евра месечно за плаќање на трошоците на канцеларијата во својата матична држава, што вклучува кирија, опремување и вработени.

За секој ден поминат во Европскиот парламент му се исплаќаат 350 евра дневница за сместување и храна. Трошок за службен автомобил нема бидејќи го користи бесплатно.

Патните трошоци не се за фрлање. За повратен пат од Брисел до Загреб следуваат 343 евра. Патарини, багаж и резервации ЕУ плаќа посебно.

И неслужбените патувања се платени, до 4.886 евра годишно.

На крајот на мандатот има право на „преодна надокнада“. Во моментов таа максимално изнесува 20.150 евра.

Откако еднаш ќе стапнат во Парламентот, пратениците не мора да им ја мислат ни на старите години бидејќи им следува дополнителна пензија (покрај стандардната која ја заработиле во матичната држава), најмногу до 70%. Во хрватски услови, тоа се дополнителни 1.760 евра месечно.

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

Учебната година заврши за средношколците, основците ќе имаат настава до 17 јуни

Следно

Раководството на Баерн со критики за трансферот на Мбапе во Реал

Latest from Blog