Знаме со нацистичка свастика најдено по ударот на камион во оградата близу Белата куќа

May 23, 2023
2 mins read

Знамето, заедно со пластични кеси за собирање доказен материјал, се гледаат на фотографиите што ги објавија светските агенции. Сведок за новинската агенција Ројтерс рекол дека полициските инспектори го пронашле знамето, кое наводно било во внатрешноста на возилото. Властите во Вашингтон го приведоа возачот на камионот, а полицијата на округот Колумбија соопшти дека просторот каде што се случи инцидентот, во кој нема повредени, е безбеден без знаци за потенцијална опасност

Знаме со нацистичката свастика – симболот на третиот рајх – е пронајдено откако изнајмен камион утрово по средноевропско време удри во безбедносната ограда на плоштадот „Лафајет“ во непосредна близина на Белата куќа во Вашингтон, пренесува „Гардијан“.

Знамето, заедно со пластични кеси за собирање на доказен материјал, се гледаат на фотографиите што ги објавија светските агенции.

Полициски службеник го собира знамето со нацистичката свастика/Фото: Принтскрин од видеоснимка на TV WUSA9

Сведок за новинската агенција Ројтерс рекол дека полициските инспектори го пронашле знамето, кое наводно било во внатрешноста на возилото.

Властите во Вашингтон го приведоа возачот на камионот, а полицијата на округот Колумбија соопшти дека просторот каде што се случи инцидентот, во кој нема повредени, е безбеден без знаци за потенцијална опасност.

„Прелиминарната истрага открива дека возачот можеби намерно удрил во безбедносните бариери на плоштадот ‘Лафајет’“,

објави на Твитер шефот за комуникации на Тајната служба Ентони Гуглиелми.

Тој додаде дека американската полиција ќе поднесе обвинение против возачот со истражна поддршка од Тајната служба.

Телевизијата WUSA9 објави видеоснимка од камионот запрен покрај редица челични столпчиња, и униформирани службеници со куче како се приближуваат до возилото.

Крис Забоји, сведок на несреќата, објави кратко видео на социјалните мрежи на кое се гледа како камионот удира во барикадите. Агенцијата Ројтерс ја потврдила веродостојноста на видеоснимката. Според она што се гледа на неа, откако еднаш се забил во оградата, возачот се вратил назад и по вторпат удрил во бариерите.

Дваесет и петгодишниот Забоји, кој работи како пилот во авиокомпанија и живее во Вашингтон, рекол дека додека одел дома по џогирањето во Националниот трговски центар слушнал силен удар.

„Погледнав назад и видов дека комбето ју-хаул се заби во барикадата. Се повлеков зад еден дечко во количка за голф и го снимив видеото со мојот телефон. Откако видов дека повторно се заби. Не сакав да бидам во близина на камионот и заминав“,

вели Забоји.

Засега нема информации и не е познато каде бил американскиот претседател Џо Бајден за време на инцидентот. Од она што е познато, претходно во понеделникот вечерта, според локално време, во Белата куќа има средба со претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти.

Интервенцијата на надлежните служби по инцидентот/Фото: Принтскрин од видео-снимка на WUSA9

По инцидентот на барање на Тајната служба бил евакуиран блискиот хотел „Хеј Адам“, објави „Вашингтон пост“ цитирајќи официјален претставник на хотелот, додека Тајната служба соопшти дека некои патишта и пешачки патеки околу паркот се затворени.

Портпаролот на противпожарната служба во Вашингтон рече дека во 21:40 часот по локално време (1:40 часот по Гринич) пристигнал повик за, како што било опишано, истрага за сомнителен пакет.

За кратко време потоа уследила голема реакција на органите за спроведување на законот и јавната безбедност, пред истражителите да утврдат дека содржината на претежно празниот камион е безопасна.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Доха започна Катарскиот економски форум

Следно

ЗУБИН МЕХТА И БЕЛГРАДСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА СО КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ НА 24 ЈУНИ

Latest from Blog

СЗО ПРОГЛАСИ ЕПИДЕМИЈА НА ЕБОЛА во Конго и Уганда

Светската здравствена организација (СЗО) денес ја прогласи епидемијата на ебола во Демократска Република Конго и Уганда за „јавноздравствена вонредна состојба од меѓународен интерес“, пренесува Би-Би-Си. СЗО соопшти дека епидемијата, предизвикана од вирусот

(ВИДЕО) Меџити најави нов удар по коцката и комарот: „Казината се затвораат, следни се брзите кредити

Изет Меџити преку видео-обраќање на социјалните мрежи го поздрави донесувањето на новиот Закон за игрите на среќа, оценувајќи дека со него започнува, како што рече, „правната борба против коцката и комарот“. Копретседателот

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА БАРААТ ЕУ ДА ГО ПОЧИТУВА НАШИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ

Централниот совет на Македонците во Германија со седиште во Берлин поднесе формална жалба до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, поради тешки повреди на основните договори на Европската унија во рамките на

СПЦ го разреши Јустин – шест владици гасале против

Митрополитиот Жички Јустин е разрешен на Светиот архијерејски собор на Српската православна црква, објави вечерва порталот Нова.рс, повикувајќи се на свои извори од Сободот. За смената на митрополитот жички Јустин гласале 27
Go toTop