Жителите на Грушино десет дена се без вода

March 27, 2024
1 min read

Повеќе од 1.200 жители на Грушино, општина Арачиново, веќе 10 дена се без вода за пиење. Жителите ги обвинуваат општинските раководители дека сакаат да го преземат под менаџирање водоводот на селото, кој, според нив, е изграден пред неколку децении со инвестиција на самите жители. Револтирани, жителите велат дека пумпата за вода во Грушино, која работи на струја, веќе е префрлена на општинското јавно претпријатие „Амбиент“, со што жителите на селото не се согласуваат.

“Ние го имаме овој водовод тука веќе 50 години, ние го направивме тоа сами и со наш придонес”.

„Не ни помислив еден градоначалник кој треба да биде во служба на населението, да го казнува населенито..

„Во селото, водоводот го направивме сами, ниту општината, ниту некој ни помогна, а пак тие ни пречат, и не ни дозволуваат да работиме и да го одржуваме“, велат жителите.

Во недостиг на вода, жителите се принудени да купуваат вода за пиење, а за други потреби полнат од чешмите на селото. Недостигот на вода предизвикува проблеми и во селското училиште. учениците велат дека мириса лошо.

„Јас сум трето одделение, две недели нема вода, мирисот доаѓа од тоалетот, немаме ни вода дома. Земаме влажни марамици од дома“, вели една ученичка.

Општина Арачиново соопшти дека се во координација со општинските советници од село Грушино за решавање на ова прашање. Од општината потврдија дека во Грушино постои водоводна мрежа изградена и управувана од самите жители, но досега потрошената електрична енергија е наплатена на општинското претпријатие кое поради високите трошоци не било во можност да ги врати долговите кон ЕВН, што пак резултираше со прекин на електричната енергија.

Мелихате Рустеми

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Еден од 10 луѓе во Германија погодени од онлајн кражба на идентитет

Следно

Српското МВР ја запре потрагата по исчезнатата данка на подрачјето на Бањско Поле и Брестовачка Бања

Latest from Blog

Српска водителка се струполи среде извлекување „Бинго“: Извинете поради прекинот на програмата (ВИДЕО)

Таа се извини што ја прекинала програмата, објави Блиц. Водителката на играта на среќа „Бинго“ Маша Зиповски се струполила во живо на емисијата, а сега проговори на социјалните мрежи и откри како

Трамп ја повтори шегата во Белата куќа за Ноќта на вештерките, децата збунети (ВИДЕО)

Претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија им делеа слатки на собраните најмали во Белата куќа, но претседателот се погрижи настанот повторно да стане вирален и оваа година повторувајќи ја својата необична

Почина поранешниот албански премиер Фатос Нано

Поранешниот албански премиер и лидер на албанската левица по падот на комунизмот, социјалистот Фатос Нано, почина во петокот во Тирана на 73-годишна возраст, изјави албанскиот премиер Еди Рама. Роден во Тирана во

Американските акции пораснаа по одличните квартални резултати од заработката на Amazon

Американските акции беа претежно повисоки на отворањето денес, бидејќи силните квартални резултати од технолошкиот гигант Amazon ја зголемија довербата на трговците во вештачката интелигенција. Тоа доведе до раст на берзанските индекси, што
Go toTop