Зголемена активност на Етна: Улиците прекриени со материјал од вулканот

May 24, 2023
1 min read

КАТАНИЈА (АА) – Вулканот Етна во Италија, најактивниот вулкан во Европа, еруптираше пред неколку дена и исфрли пепел врз Катанија, што предизвика затворање на аеродромот во најголемиот град во источниот дел на Сицилија, известува Анадолу.

Во поголемиот дел од градовите во западно/југозападната страна на вулканот во Катанија, по ерупцијата дојде до паѓање на пирокластичниот материјал измешан со дожд.

Ситуацијата на патиштата сѐ уште не е стабилизирана, а голем број туристи и набљудувачи дојдоа на јужната страна од вулканот, последното место достапно со автомобил од каде започнува искачувањето кон кратерите на врвот.

Планината Етна е најголем и најактивен вулкан во Европа. Неговите чести ерупции неретко се проследени со големи текови од лава, но ретко претставуваа закана за населените подрачја.

Етна е еден од вулканите со најдолги историски записи за ерупциите, што се протегаат повеќе од 2000 години во минатото.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пауло Дибала нема да игра во финалето на ЛЕ?

Следно

Судењето на Трамп за фалсификување деловни книги ќе започне во март 2024 година

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред
Go toTop