Зголемен капацитет и подобрен услови за престој во беровскиот Дом за стари лица

December 2, 2024
2 mins read

Зголемен е капацитетот на Домот за стари лица „Д-р Иван Влашки“ во Берово, а подобрени се и условите за престој во него како резултат на инфраструктурната поддршка овозможена во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кои ги реализираше Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија.

Министерот Златко Перински и амбасадорката Вероник Улман, заедно со градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, како и градоначалниицте на Македонска Каменица, Виница и Зрновци, Димчо Атанасовски, Миле Петков и Борчо Коцев, го посетија Домот со што и официјално се означи имплементацијата на проектот вреден 23 милиони денари.

Директорката на установата, Живка Бојчовска Каламадевска, објасни дека со поддршка на проектот се обезбедени услови за дополнително сместување на уште 28 стари лица со што се сега вкупниот капацитет ќе биде 67 лица, извршено е и хортикултурно уредување на просторот, купен е потребниот мебел, имплементиран е централен систем за греење и вентилација, а во тек е и набавка на 14 таблети, опрема за чајна кујна, фрижидери и перална. Извршено е и партнерно уредување околу објектот.

-Покрај сместување, нега, медицинска грижа, на корисниците на домот секојдневно им организираме и разни активности на различни теми, славиме родендени, празници и се грижиме за нивното расположение. Ние и понатаму ќе продолжиме да се трудиме животот на нашите корисници да им го олесниме и да бидат среќни и задоволни. Со гордост можам да кажам дека овој дом е едно големо семејство во кое владее љубов, среќа и хармонија, истакна директорката Бојчовска Каламадевска, која од свое и од името на станарите на Домот се заблагодари на Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија за финансиската поддршка за имплементацијата на проектот.

Голема благодарност изрази и градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, кој истакна дека Домот за стари лица во Берово е единствената установа од ваков тип во регионот и затоа проширувањето на капацитетите е од големо значење, бидејќи потребата од услуги за згрижување постојано расте.

-Многу ми е драго што по втор пат сум денеска овде во Домот во кој благодарение на партнерството со Министерството за локална самоуправа, градоначалниците од регионот и Центарот за развој на Источниот плански регион, сите заедно го продолжуваме проектот чија прва фаза беше реализирана во 2020 година, кога обезбедивме услови за сместување на 10 лица, а сега заедно со оваа фаза придонесовме вкупно за 38 нови места, истакна амбасадорката Улман, која се надева дека соработката ќе продолжи и во иднина, со оглед на потребата од ваков тип на објекти во регионот.

-Ова е уште еден успешно реализиран проект со кој ја покажуваме нашата посветеност и грижа за сите граѓани, без разлика на нивната возраст. Со инвестирањето во вакви проекти, ние инвестираме не само во подобрување на инфраструктурата, туку и во квалитетот на живот на возрасните лица на кои им овозможуваме да го поминуваат секојдневието во безгрижност и достоинство. Со поддршка на Владата на Швајцарија, успеавме да создадеме услови за третман, нега и социјализација по сите пропишани стандарди. Преку оваа инвестиција, ги зајакнавме капацитетите на установата, во неа секој да може да се чувствува сигурно, почитувано и, пред сè, како рамноправен дел од општеството. Ова е показател дека се грижиме за сите генерации и дека никој не е заборавен. Грижата за возрасните е од витално значење за развојот на едно хумано општество. При денешната посета на Домот, видов дека корисниците овде се чувствуваат како дома, што е најголемиот доказ за успешноста на овој проект. Им посакувам долг и безгрижен живот, исполнет со топлина, внимание и почит, изјави министерот Перински.

За оправданоста на проектот и придобивките од него, зборуваше и директорката на Центарот за развој на Источниот регион, Зујица Ангелова, која истакна дека тој во голема мера ќе придонесе за жителите на регионот со оглед на тоа дека таму процентот на возрасното население е високо над државниот просек.

-Објекти од ваков тип кои пружаат соодветни услови за престој на возрасните лица, соодветна грижа, медицинска нега и социјална инклузија се добредојдени за Берово и околината. Овој проект е пример за успешна соработка помеѓу централната и локалната власт кои со поддршка на странскиот донатор овозможија Домот да добие услови за престој по сите стандарди, истакна директорката на ЦРИПР, Ангелова.

Министерството за локална самоуправа го поддржа проектот со 11 милиони денари, 9 милиони денари се средства обезбедени од Владата на Швајцарија, а со околу 3 милиони денари учествуваше Општина Берово.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Оставката на Дамева е единствената исправна одлука, велат од Владата

Следно

Единствена опција на Дамева беше да си даде оставка, велат од Владата

Latest from Blog

Дневен хороскоп за 18 декември 2025: Што ви носи денешниот ден?

Бик Стабилноста е ваш приоритет, а денешните транзити ги поддржуваат вашите материјални аспирации. Вашата интуиција за профитабилни зделки е силна, но не брзајте со потпишување. Обрнете внимание на удобноста во домот –

Криминалот во Лотарија го потврди и ДЗР, каде завршија 2 милиони евра украдени во време на СДС и ДУИ

Државниот завод за ревизија констатира серија сериозни нерегуларности во финансиското работењето на институцијата под раководството поставено токму од СДС и ДУИ. ДЗР утврди дека постои злоупотреба на 2 милиони евра, пари на

Истражување: Мажите кои не се чувствуваат добро во брак секогаш ги избегнуваат овие 10 теми

Истражувачите на Универзитетот Бригам Јанг откриле дека длабоко вкоренетото незадоволство од бракот честопати го предвидува и нивото на интимност, при што мажите ги доживуваат овие емоции поинаку од нивните партнерки. Незадоволството често
Go toTop