Земјотресите во Сирија досега причина за смртта на 3.574 лица

February 12, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 3.574 лица загинаа во Сирија во низата силни земјотреси со епицентар во турската област Кахраманмараш, што во понеделникот го погодија регионот, покажуваат информациите објавени денеска, известува Анадолу.

Министерството за здравство на режимот на Сирија објави дека најмалку 1.408 лица загинаа во провинциите Алепо, Латакија, Хама и Тартус, додека 2.341 се повредени.

„Најмалку 2.166 лица загинаа, a над 2.950 се повредени во подрачјата што се под контрола на опозицијата во северозападна Сирија“, објави Сириската цивилна одбрана.

Два разорни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пешевска: Преку хуманитарната акција на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ се собираат средства и ќе испратиме помош за пријателскиот турски народ

Следно

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ веднаш се организираше да помогне за настраданите во Турција и Сирија, ги повикувам институциите и граѓаните да бидеме хумани што е можно повеќе

Latest from Blog

Трипуновски: Извозот на земјоделски производи за 2025 изнесуваше 416,7 милиони евра

„Согласно податоците на Државниот завод за статистика за 2025 година извозот на земјоделски производи бележи значителен раст и достигна 416,7 милиони евра, што претставува зголемување од околу 85 милиони евра во споредба

Лашкоска на средба со млади од регионот: Младите се партнери во зелената транзиција

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање одржа едукативна работна средба со група млади учесници, организирани од младинската

Проданоски: Продолжува уредувањето на улиците во Прилеп за граѓаните

Проданоски: Корективни зафати на улицата „Александар Македонски“ за подобра пристапност и безбедност Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, најави реализација на корективни зафати на улицата „Александар Македонски“ по барање на жителите, институциите
Go toTop