Земјотрес со магнитуда од 6.2 степени ја потресе Јапонија

November 17, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Земјотрес со магнитуда од 6,2 степени е измерен на отворено море во близина на брегот на островот Јакушима во јапонската провинција Кагошима, известува Анадолу.

Американскиот геолошки институт објави дека епицентарот на земјотресот бил на 151 километар југоисточно од островот Јакушима.

Земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за евентуални жртви или за причинета материјална штета.

По земјотресот не е дадено предупредување за цунами.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Во периодот што следи ќе има многу случаи за злоупотреба на распределбата на земјоделското земјиште

Следно

Алејна го победи карциномот и стана адвокат на 23 години: „Никогаш не се откажувај!“

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop