Затворени стотина училишта во Јапонија по испратени закани за поставени бомби

January 26, 2023
1 min read

Во училишните згради не е пронајден експлозив, а засега нема информации за напади врз ученици и наставници. Поради заканите, многу училишта биле затворени како мерка на претпазливост, иако повеќето од нив се повторно отворени

Јапонската полиција трага по лице кое испратило предупредувања за поставени бомби и смртни закани до стотици училишта, што довело до нивно затворање, пишува Би-би-си.

Заканите биле испратени по факс до средните училишта и универзитетите од број регистриран во Токио. Во Јапонија сè уште најчесто се користат факс машини. Во училишните згради не е пронајден експлозив, а засега нема информации за напади врз ученици и наставници.

Заканите за бомби се ретки во Јапонија, која е позната по ниската стапка на криминал. Првиот бран пораки започнал во понеделникот до училиштата и универзитетите ширум земјата. Во една префектура, Саитама, повеќе од 170 училишта добиле закани за бомби.

Локалните медиуми објавија дека во една порака се тврдело оти биле поставени повеќе од 330 бомби, додека друга гласела: „Поставив голема бомба“. Некои извештаи велат дека со пораките се барале откупнини од 300 000 јени (2 320 долари) до 3 милиони јени.

Во вторникот, пораки со закани за убивање на ученици и професори со рачно изработено оружје биле испратени од истиот број до средните училишта во различни префектури, вклучително и Осака, како и Саитама и Ибараки во близина на Токио. Поради заканите, многу училишта биле затворени како мерка на претпазливост, иако повеќето од нив се повторно отворени.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ќе се реконструира патот од Хиподром кон Илинден

Следно

Голем руски ракетен напад врз Украина

Latest from Blog

Комерцијална банка Скопје (KMB), Универзална Инвестициона Банка Скопје (UNI) и Макпетрол Скопје (MPT) со најголем промет, МБИ10 порасна за 0,48%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На сесијата од 20.04.2026 година, МБИ10 изнесуваше 9.917,92 поени и забележа раст од 0,48%, односно 47,59 поени, додека

ВЛЕН: ДУИ наместо граѓаните, ги штити своите функционери

Политичката коалиција ВЛЕН со остра реакција ја обвини Демократската унија за интеграција дека наместо да ги штити интересите на граѓаните, ги брани, како што велат, „криминалците блиски до раководството“. Во реакцијата се

МОСКВА ГО ПРЕКИНА МОЛКОТ – Песков ја откри улогата на Русија во преговорите меѓу САД и Иран

Русија не учествува во преговорите меѓу САД и Иран, но е подготвена да помогне во постигнувањето мирно решение, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. – Во моментов, Руската Федерација не е
Go toTop