Започна вакцинацијата против сезонски грип: Обезбедени 70 илјади бесплатни вакцини за ризичните групи

October 21, 2024
1 min read

Денеска започна вакцинацијата против сезонскиот грип, за што Министерството за здравство обезбеди 70 илјади бесплатни вакцини. Бесплатната вакцина е наменета за ризичните групи, вклучувајќи лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години, како и лица и вработени во установи за социјална заштита на стари лица.

Според надлежните, досега преку интернет-страницата вакцинација.мк се пријавиле околу 33 000 граѓани. Комисијата за заразни болести (КЗБ) апелира дека со вакцинацијата овие ризични групи се штитат од тешки форми на болеста. „Вакцинацијата е наједноставниот и најквалитетниот начин да се заштитите од грипот во зимските месеци“, истакна д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на КЗБ.

Вакцинацијата ќе се спроведува на 36 локации низ државата, а сите пријавени граѓани добиваат СМС порака со точен датум, време и место за вакцинација. Во Скопје, вакцинацијата ќе се врши во Центарот за јавно здравје и поликлиниките Букурешт, Идадија и Бит Пазар, додека здравствените работници ќе можат да ја примат вакцината и во Институтот за јавно здравје.

Покрај бесплатните вакцини, во Центрите за јавно здравје се достапни и комерцијални вакцини за сите граѓани кои не спаѓаат во ризичните групи, но се заинтересирани да се вакцинираат.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Лионел Меси со Интер ќе игра на Светското клупско првенство

Следно

АЛКАЛОИД со убедлива победа на стартот на Европскиот шаховски клупски куп

Latest from Blog

Рама: Никогаш не сме биле поблиску до ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама, од Скопје каде што се одржува самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, нагласи дека никогаш не сме биле поблиску до ЕУ. Рама вели дека има позитивна

Плажата Оревче ја најави секојдневната програма за летото 2025, многу причини за пливање и танцување

Плажата Оревче ја најави секојдневната програма за летото 2025, многу причини за пливање и танцување, а сите што веќе биле на оваа плажа знаат колку е добро да се танцува на Оревче

Младите и евроскептицизмот: Над 40% со позитивен став кон ЕУ, но без верба во брза ЕУ интеграција на земјата

Резултатите од онлајн анкета спроведена на крајот на месец јуни 2025 година со учество на над 1.000 млади лица од земјава потврдуваат постоење на евроскептицизам помеѓу младите луѓе, различни очекувања за членството

Натпреварот помеѓу Јувентус и Реал вечерва може да биде прекинат!

Осминафиналниот дуел од Светското клупско првенство меѓу европските гиганти Реал Мадрид и Јувентус, закажан за вечерва во Мајами (21:00 по средноевропско време), би можел да биде одложен или прекинат поради најавеното невреме.
Go toTop