Зајкова: Македонија треба да ги збие редовите и да работи на развој – ЛДП се стреми да биде власт, не да кокетира со власта

November 17, 2024
1 min read

ЛДП во парламентот делува независно и делуваше независно и во минатиот парламентарен состав, бранејќи ја својата либерално-демократска политика и идеја, ЛДП не кокетира со власта, како и секоја политичка партија, ЛДП се стреми да биде власт, а не да биде кокета, изјави во вчерашното интервју во Дневникот на МРТВ, претседателката на Либерално-демократската партија, Моника Зајкова.

Претседателката Зајкова додава дека ЛДП има одлични програми и идеи, наведувајќи ја како пример изборната програма „Има Излез“, која ЛДП ја усвоила во 2011-тата година, за од таа програма денеска да се најдат низа решенија ископирани во други партиски програми, па дури мерки од таа програма се преземени и во водењето на државната политика.

„И не е грев да се преземаат идеи затоа што намерата е добра и ЛДП ќе соработува овие идеи да бидат имплементирани, затоа што се покажа дека се добри за граѓаните. Мене единствено што ми е жал е тоа што ЛДП во минатото не успеала да се наметне и да ги испромовира тие идеи подобро. Меѓутоа, еве ќе дадеме можност да соработуваме и тие идеи да станат во целост имплементирани, но не само да бидеме еден обичен соработник или да бидеме дел од власта, туку да бидеме препознаени како партија која работи на решенија за граѓаните и добробит на државата“, посочува претседателката Зајкова.

Говорејќи за искуството од претседателските избори во САД годинава, Зајкова ѝ ја честита победата на новоизбраната администрација и претседателот Доналд Трамп и истакна дека е важно сите да се стремиме да го достигнеме нивото на демократија при одржување и спроведување на избори кое што го имаат Соединетите Американски држави.

„За Македонија и за Балканот не би требало да има некакви големи поделби, затоа што една од клучните стратешки цели на САД е токму стабилизација на Балканот и негова целосна европска интеграција. Сметам дека треба повеќе да се занимаваме со оние прашања кои што можат кај нас да предизвикаат одредени последици. Ние некако многу влеговме во еуфоријата за тоа кој ќе биде американскиот претседател, слушаме и стравуваме од одредена криза поради пад на германската економија. Мислам дека тука треба малку Македонија да ги збие редовите и да почне да работи што и таа може да даде и придонесе за развој на тоа стратешко партнерство, но и за развојот на економијата“, заклучува претседателката Зајкова, додавајќи дека ЛДП подава рака на левите и на десните сили, сите заедно да ги пребродат овие работи и да градат решенија и сите заедно да бидеме сведоци на европскиот напредок на државата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И загадениот воздух влијае за повеќе предвремено родени бебиња

Следно

Сејдини: Дојде време за промена, горд ја напуштам функцијата по години исполнети со историски достигнувања

Latest from Blog

Божиновска: Инвестиции од 5,7 милијарди евра ќе ја трансформираат енергетиката во 2026

Македонија влегува во нова, динамична ера на енергетска независност со усвојувањето на Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Шилегов со барање за преиспитување на обвиненијата за „Пулс“

Адвокатот Петре Шилегов денеска во судница побара од Обвинителството сериозно да го преиспита својот став и да повлече дел од обвиненијата, повикувајќи се на економичноста на постапката и на најновиот брифинг од

Две лица загинаа во напад на украински дрон во Белгородската област

Во напад на украински дрон врз приватна куќа во Стари Оскол во Белгородската област загинаа двајца цивили, изјави денеска гувернерот на таа област, Вјачеслав Гладков. – Избувна пожар, што доведе до делумно
Go toTop