ЗА СИТЕ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА: „Втора шанса“ за завршување на средно стручно образование

January 18, 2023
1 min read

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ги повикува сите невработени лица да го дооформат своето средно стручно образование преку најновата пилот програма „Втора шанса“. Програмата се спроведува во рамки на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“, финансиран од Европската Унија, спроведуван од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија. Преку „Втора шанса“ 200 граѓани од земјава ќе имаат можност да го завршат своето средно стручно образование. Оваа програма ќе се спроведе од страна на средни стручни училишта за следните струки: Машинска, Електротехничка, Угостителска и Градежна.

Во тек е кампања која агенцијата ја спроведува за информирање на јавноста преку организирани средби во сите региони во државата.

„Врз основа на податоците со кои располагаме и со намера да им се помогне на невработените лица со пониски квалификации и пониско ниво на образование, оваа пилот програма беше конципирана и отворена како можност за невработени лица со незавршено средно стручно образование – 3-та година од стручното образование за занимања (тригодишно образование) или 4-та година од техничкото образование (четиригодишно образование). Заинтересираните лица при пријавувањето треба да приложат оригинал од свидетелствата кои ги имаат. Сите лица кои ќе бидат селектирани и ќе учествуваат во програмата „Втора шанса“ ќе добијат диплома за завршено средно стручно образование, која не ја стекнале додека биле вклучени во редовниот образовен процес“, објасни Наташа Здравковска, координатор на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“.

Во тек е отворен оглас за пријавување сѐ до исполнување на предвидениот опфат од 200 учесници. Може да се пријават невработени лица кои немаат завршено средно стручно образование и спаѓаат во ранливите целни групи на проектот: корисници на гарантирана минимална помош; млади лица до 29 години; Роми; жени; лица со попреченост и долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција). Заинтересираните кандидати треба во најкраток можен рок да се пријават во Центрите за вработување, каде редовно се евидентираат како невработени лица. Поднесувањето на пријавите можат да го направат секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот.

Повеќе детални информации може да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, контакт телефонот 02/3111-850 и веб страната www.av.gov.mk, како и од ИПА канцеларијата на [email protected]

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најсмртоносната авионска несреќа во Непал: Нема преживеани, се бара последното тело, идентификацијата отежната

Следно

Изречени казни за 129 возачи во Скопје

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop