За градоначалникот на Бутел Костовски НЕМА ПАУЗА, продолжува со градежната офанзива во Луботен (ФОТО)

March 8, 2023
1 min read

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, заедно со неговата екипа денеска започна со реализација на ветувањата дадени пред жителите на Луботен, односно денеска целата машинерија на Бутел е однесена во Луботен со цел што поскоро завршување на градежните работи во оваа населба.

Костовски во текот на денот беше пречекан од жителите на Луботен, со кои разговараа и за други проекти кои им се потребни на жителите.

Според градоначалникот на Бутел, ова е втората фаза од работите врз патната инфраструктура во Луботен по асфалтирањето на четирите главни улици од оваа населба, кои се впрочем и главни артерии.

Ова е целосната објава на градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски на неговата официјална Фејсбук страница:

ЗАПОЧНА ГРАДЕЖНАТА ОФАНЗИВА ВО ЉУБОТЕН

Започна целосната реконструкција на неколку улици во Љуботен.

Краците на улица 5 во населеното место Љуботен во долно маало за прв пат по машинското гребење и поставување на нов тампон ќе добијат асфалт.

Паралелно се проектираат и нови улици во Љуботен кој ќе бидат реконструирани.

Градежната експанзија се одвива со силна динамика.

По завршување на предвидените улици во Љуботен ќе продолжиме останатите населени места.

Еднаков и рамномерен развој на сите населени места.

#ОпштинаБутел

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пренџов: Оваа влада е непринципиелна, ова не е европски фронт туку фронт за спас на некои политички кариери

Следно

Украина и ОН бараат продолжување на договорот за извоз на жито од украинските пристаништа

Latest from Blog

Исчистената каналска мрежа ја намалува опасноста од поплави во Прилеп

Во прилепскиот регион состојбата со водостоите и каналската мрежа е стабилна, велат надлежните, и засега не постои непосредна опасност од поплави. Според информации од терен, околу 70% од каналите и системот за

Сведокот Марковски: Задниот излез во дискотеката бил нефункционален по реновирањето

Сведокот Петар Марковски на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 луѓе, а над 210 беа повредени, рече дека видел како огнените прскалки го запалиле плафонот

Француска и јапонска компанија заинтересирани за хидроцентралите Чебрен и Галиште

Француска и јапонска компанија се обратиле до Министерството за енергетика со интерес за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште, објави министерката за енергетика Сања Божиновска. Таа потенцира дека, иако најдобро би било

Димитриеска-Кочоска: Нелегално стекнатиот имот ќе се враќа во корист на граѓаните

Денеска беше одржана конститутивната седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, тело кое, според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, има силна практична тежина во борбата против финансискиот криминал.
Go toTop