Враќањето на Сирија во Арапската лига предизвика загриженост во Израел

May 21, 2023
1 min read

АЛ КУДС (ЕРУСАЛИМ) – Повторниот влез на Сирија во Арапската лига по 12 години суспензија предизвика загриженост во Израел, објавија вчера израелските медиуми, пренесува Анадолу.

Како што вчера објави весникот „Једиот ахронот“, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант неодамна со командантите на војската го проценуваше враќањето на Сирија во панарапското тело.

„Израел оценува дека ова е лош развој на настаните краткорочно и долгорочно, бидејќи враќањето ќе стави крај на изолацијата на Башар ал Асад во арапскиот свет и сите израелски удари врз Сирија ќе бидат помалку легитимни“, наведува израелскиот медиум.

„Једиот ахронот“ објави дека некои во Израел сметаат дека е прерано да се проценуваат импликациите од враќањето на Сирија во организацијата со седиште во Каиро.

Израелскиот весник пишува дека според други, пак, повторното воспоставување на членството на Сирија во Арапската лига ќе ѝ наштети на воената акција на Израел во Сирија.

Израел повеќепати изведе напади врз Сирија, напаѓајќи ги силите на режимот на Асад и групите поврзани со Иран.

Во петокот Асад за првпат по 2011 година присуствуваше на годишниот арапски самит што се одржа во Саудиска Арабија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грците денеска излегуваат на гласање

Следно

(ФОТО+ВИДЕО) Стампедо на стадионот во Салвадор, загинаа 12 лица

Latest from Blog

Акциите на Тесла скокнаа откако Маск потврди дека тестира беспилотно роботско такси

Акциите на „Тесла“ пораснаа за речиси 5 проценти на највисоко ниво за речиси една година откако нејзиниот сопственик Илон Маск потврди дека американскиот производител на електрични возила тестира роботско такси без монитори

Неверојатно: Невидена доминација, 96 официјални меча и исто толку победи!

ФОТО: arkadag-fk.com Неверојатно. Невидена доминација на еден клуб во својата земја, а основан е во 2023 година. Фудбалската сезона во Туркменистан, земја со 7,5 милиони жители во Централна Азија, заврши. Шампион е

Мицкоски: Владата нема да влезе во процес на уставни измени без исполнување на два клучни услови

Владата нема да влезе во процес на уставни измени без исполнување на два клучни услови, изјави премиерот Христијан Мицкоски. -Важно е две работи да се константа и тие се непроменливи. Прво, мора
Go toTop