Воз се запали во тунел во Тирол, стотици патници се евакуирани

June 8, 2023
1 min read

Ноќниот воз со околу 370 патници се наоѓал во тунелот Фиценс, источно од Инсбрук во регионот на Тирол, кога избувнал пожарот, јави австриската новинска агенција АПА

Неколку стотини патници мораа да бидат евакуирани од воз кој се запали во тунел во австриската провинција Тирол. Службите за итни случаи соопштија дека доцна синоќа морале да бидат евакуирани 370 патници од возот кој во текот на ноќта патувал од Инсбрук до Амстердам и Хамбург.

Ноќниот воз со околу 370 патници се наоѓал во тунелот Фиценс, источно од Инсбрук во регионот на Тирол, кога избувнал пожарот, јави австриската новинска агенција АПА.

Железничкиот оператор ОББ соопшти дека околу 20:40 часот било пријавено оштетување на горните електрични водови и оти изгледа се запалил автомобил во товарен вагон во ноќниот воз од Инсбрук до Амстердам. Како што се наведува, пожарот бил изгаснат до 22.20 часот.

Евакуацијата завршила кусо по 23 часот.

Според службите за итни случаи, оштетувањето на надземната линија во железничкиот тунел Терфенс предизвикало пожар во едно или повеќе возила што ги превезувал возот. Полицијата соопшти дека околу 50 луѓе претрпеле полесни повреди најмногу поради вдишување чад. Нема извештаи за сериозни повреди.

Ноќниот сервис на Австриските железници сообраќа до неколку европски градови и понекогаш превезува автомобили во посебни вагони. Возот утрово требаше да пристигне во Амстердам.

Патниците на кои не им била потребна медицинска помош биле однесени во Инсбрук каде по потреба било организирано сместување за нив.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нуман Куртулмуш ја презеде функцијата претседател на турскиот Парламент

Следно

Катица Ќулавкова: Стихозбирката „На врв на јазикот“ е рефлексија на личните и општествените емоции за домот и јазикот

Latest from Blog

ОД ПЕНЗИЈА – ВО КАБИНЕТ НА ПРЕМИЕРОТ: Поранешниот генерал на НАТО доби важна улога во Литванија

Литванскиот премиер Миндаугас Синкавичиус го назначи пензионираниот германски генерал-полковник Јирген Јоаким фон Сандрарт за свој советник за одбрана, објави денес владата на земјата. „Неговото знаење и практично искуство во зајакнувањето на одбраната

Божиновска: Инвестицијата во младите инженери е инвестиција во македонската иднина

Македонија има иднина, а нејзината иднина се младите, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по посетата на Машинскиот факултет, каде што беше претставен новиот болид на MES Racing.
Go toTop