Воска ја овлада Македонија ЃП и дојде на чекор до историско куп финале

April 3, 2024
1 min read

Фудбалерите на Воска триумфираа попладнево на домашен терен во Охрид над Македонија Ѓорче Петров со 2-0 (2-0) во првиот натпревар од полуфиналната пресметка и со предност ќе патуваат на реваншот во Скопје против актуелниот бранител на трофејот во Купот на Македонија.

Воска, која атакува на своето прво куп финале во историјата, дојде до победата со два гола во период од две минути во завршницата на првото полувреме.

Бајрами му донесе водство на охридскиот клуб во 38 минута, а конечниот резултат го постави Ѓоргиев две минути подоцна.

Победникот од пресметката меѓу Македонија ЃП и Воска во финалето ќе игра против поуспешниот од дуелот меѓу Шкупи и Тиквеш. Првиот натпревар одигра вчера на стадионот во Чаир заврши без голови.

Двата реванш полуфинални натпревари во Скопје и Кавадарци се на програмата на 17 април.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Посебен режим на сообраќај денес и утре на „Илинденска“ во Скопје

Следно

ДАВАЛЕ СТРАШЕН ОТПОР ЗА НИВНИОТ БРАК: Ова се родителите на Мелина Џиновиќ, особено кога ќе дознаете колку години имаат ќе ви стане јасно зошто го правеле тоа! (ФОТО)

Latest from Blog

Смрт поради лајкови: Нов опасен тренд ги залуди младите- возат во спротивна насока, сѐ снимаат и објавуваат

Од таканаречените „тинејџерски лудории“ на јавни простори во Соединетите Американски Држави, што доведоа до воведување на полициски час, до „предизвикот за затемнување“, за време на кој корисниците  намерно се задушуваат, виралните, а

„Онкологија“: Одбраната посочува дека во лекувањето на 31 пациент учествувале 28 лекари

Во лекувањето на дел од пациентите во случајот „Онкологија“ учествувале повеќе медицински лица, поради што не може да се бара индивидуална одговорност за целиот процес на лекување, истакна техничкиот советник на првообвинетиот
Go toTop