Вооружените сили на Србија остануваат на највисоко ниво на борбена готовност – одлучи Советот за безбедност

May 27, 2023
2 mins read

Ваквата одлука, како што се наведува во соопштението на Претседателството на Србија, е донесена поради бруталната употреба на сила од страна на косовскиот премиер Албин Курти против српскиот народ во Косово. Одлучено е и началникот на Генералштабот на српската армија, генерал Милан Мојсиловиќ, да одржува директен контакт со командантот на КФОР, во обид да се осигури дека КФОР/НАТО ги исполнува својата функција и мандат, во согласност со релевантните акти на ОН, и ги штити Србите во Косово

Вооружените сили на Република Србија засега остануваат на највисоко ниво на борбена готовност. Ова е одлуката која е донесена на денешната седница на Советот за национална безбедност на оваа земја, која вчера ја свика српскиот претседател Александар Вучиќ по тензиите меѓу косовската полиција и граѓаните на северот на Косово.

Ваквата одлука, како што се наведува во соопштението на Претседателството на Србија, е донесена поради бруталната употреба на сила од страна на косовскиот премиер Албин Курти против српскиот народ во Косово.

Од денешната седница на Советот за национална безбедност на Република Србија

На седницата на Советот за безбедност биле договорени сите неопходни безбедносни активности со цел зајакнување на одбранбените капацитети на Србија, а било истакнато дека мисијата на НАТО во Косово (КФОР) не ја извршила својата работа согласно Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) и Воено-техничкиот договор од Куманово.

„Началникот на Генералштабот на српската армија, генерал Милан Мојсиловиќ, е овластен да одржува директен контакт со командантот на КФОР, во обид да се осигура дека КФОР/НАТО ги исполнува својата функција и мандат, во согласност со релевантните акти на ОН, и ги штити Србите во Косово“,

се вели во соопштението на Советот за национална безбедност на Србија, цитирано од тамошните медиуми.

Во соопштението било нагласено оти Србија ќе биде силна и непоколеблива во заштитата на својот народ.

Седницата на која се сретнаа сите претставници на безбедносните институции во Србија се одржа еден ден по конфликтот меѓу косовската полиција и локалното население на северот на Косово.

Тензиите во општините со мнозинско српско население во Косово (Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ) се случија откако новоизбраните градоначалници, на изборите што ги бојкотираа Србите, вчера ги презедоа функциите и влегоа во општинските згради. Во судир на косовската полиција со Србите беа повредени десетина лица.

По инцидентите, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, нареди борбена готовност и распоредување на српската војска на границата со Косово.

Постапките на косовските власти во општините на северот ги осуди американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој го повика косовскиот премиер Албин Курти веднаш да престане со „насилните мерки и повторно да се фокусира на дијалогот што го води ЕУ“. 

Осуда стигна и од Европската Унија, која најави дека веќе нема да прифаќа провокативни потези.

По вчерашните тензии, од утринава на северот на Косово е мирно, а косовската полиција, која вчера со возила го блокираше пристапот до зградите на општините Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, сè уште е во општинските објекти и ги блокира пристапот до нив.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Турскиот министер Чавушоглу: Над 550.000 Сиријци се вратија во областите исчистени од тероризам

Следно

Ди Марија на лето би можел да се пресели во Барселона доколку Меси се врати во шпанскиот клуб

Latest from Blog

Денес е преподобен Иларион Велики

Како што розите растат на трнливо стебло така и овој прекрасен светител се роди од родители незнабожци, во селото Тавата близу Газа Палестинска. Родителите го дадоа на науки во Александрија, каде што

ВРЕДИ: Со еден глас, Албанците го запечатија крајот на ерата на Ахмети

Изборите што ги нарекоа „референдум“ завршија како политички суд против оние што го држеа албанскиот народ како заложник 23 години со лаги и измами. Граѓаните јасно проговорија дека времето на манипулаторите е

Фото: Емилија Кларк во проѕирен фустан на првиот црвен тепих по повеќе од една година

По повеќе од година и пол отсуство од јавноста, Емилија Кларк се врати на црвениот тепих со стил. Ѕвездата од „Игра на тронови“ изгледаше зачудувачки во проѕирен фустан на „Глобал Гифт Гала

ХАОС ПРЕД СРПСКОТО СОБРАНИЕ: Полицијата спречи упад, силни топовски удари, БЛОКАДЕРИТЕ ЗАПАЛИЈА ШАТОР (ФОТО+ ВИДЕО)

Во центарот на Белград, пред Народното собрание, се собрале неколку блокадери, обидувајќи се да предизвикаат хаос, јавуваат медиумите. Според извештаите, блокадерите почнале да фрлаат камења и шишиња кон „Чациленд“. МУП издаде итно

Антони ја “скрши“ Мајорка!

ФОТО: Real Betis Balompié/FB Бетис – Мајорка 3:0. Ова е исходот од вечерашниот меч во Ла Лига во Севиља. И веднаш, уште една одлична партија на Бразилецот Антони кој со два гола
Go toTop