Вооружени напаѓачи убиле тројца полицајци во југозападен Пакистан

September 22, 2024
1 min read

КАРАЧИ (АА) – Вооружени напаѓачи убија најмалку тројца полицајци во напад извршен во југозападен Пакистан, соопшти полицијата денес, известува Анадолу.

Нападот се случил во областа Жоб во провинцијата Белучистан кога вооружени напаѓачи отвориле оган врз возило на безбедносните сили во саботата вечерта.

Еден полицаец е убин на лице место, додека други двајца денес им подлегнаа на повредите во болница во која е пренесени“, соопшти полицијата.

Премиерот на Белуџистан, Сарфраз Бугти, го осуди нападот и им нареди на безбедносните сили да дадат сѐ од себе за сторителите да ги изведат пред лицето на правдата.

Ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот, но милитантите лојални на Техрик-е-Талибан Пакистан и Белуџи сепаратистите веќе подолг период ги напаѓаат безбедносните сили и цивилите низ провинцијата.

Богатиот со минерали Белуџистан во последните месеци доживеа нов бран на насилство, во кој најмалку 74 лица, меѓу кои 21 терористи и 14 припадници на безбедносни сили, беа убиени во повеќе судири и напади во различни делови на покраината.

Полицијата денес соопшти дека освен овој инцидент, шест лица, меѓу кои и едно дете, биле повредени во напад со рачна граната во хотел во подрачјето Каран во Белуџистан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николовски: Царинската управа трет месец со повисоки приходи, на сите граници се става во функција интелигентен систем за препознавање на регистарски таблички и видео надзор

Следно

Сиљановска Давкова на Самитот на иднината во Њујорк, неизвесно усвојувањето на Пактот за иднината

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Македонија е меѓу земјите со највисока стапка на раст и пониска инфлација

24 септември 2026, Скопје – До крајот на годината не се очекува ревидирање на стапката на раст и промени во буџеткиот дефицит. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека состојбите се следат

Specialja lehtëson kufizimet e vizitave për Thaçin

Çfarë ndryshoi: Gjykatësi i vetëm në çështjen për pengim të pretenduar të drejtësisë ka hequr menjëherë ndalimin për një pjesë të personave që më parë nuk lejoheshin ta vizitonin Hashim Thaçin. Ndalimi vazhdon

Антонио Конте е фаворит за клупата на Манчестер јунајтед, ако Мајкл Карик добие отказ

Гласините во Италија дека Антонио Конте е главен кандидат да го замени Мајкл Карик на клупата на Манчестер јунајтед стануваат сè погласни. Таквата промена би се случила доколку од „Инеос“ решат да
Go toTop