Во пукање во Ерусалим застрелани три, повредени седум лица

November 30, 2023
1 min read

АЛ-КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Три лица, меѓу кои една жена, се смртно застрелани, а седум се повредени во пукање во Ал-Кудс (Ерусалим), јави израелската агенција за радиодифузија, пренесува Анадолу.

Претходно утрово, израелската служба за итна медицинска помош Маген Давид Адом соопшти преку X дека меѓу загинатите има една 24-годишна жена.

Повредените се префрлени во болниците „Шаре Цедек“ и „Хадасах Еин Карем“. Според претходното соопштение, петмина од повредените се во тешка состојба.

„Двајца терористи отворија оган врз цивили на автобуска постојка во близина на влезот во Ал-Кудс, на раскрсницата Гиват Шаул“, објави „Ерусалим пост“, повикувајќи се на израелската полиција.

Напаѓачите биле убиени од страна на израелските безбедносни сили.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дојде Лавров

Следно

Габриел: Нема билатерален проблем меѓу Софија и Скопје

Latest from Blog

Трамп: Би сакал да видам обединета Ирска

За време на средбата со ирскиот премиер на имотот Фармли во Даблин, американскиот претседател рече дека обединета Ирска би била „големо признание за сите“. „Како би можело тоа да биде лошо?“, праша

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа. На 11 септември 2026 се направени прегледи од страна на бугарски лекари во државна

Проданоски: ГФК Победа е симбол на нов почеток за прилепскиот спорт

Денес започнува ново поглавје за прилепскиот фудбал, со првиот официјален натпревар на ГФК Победа – Прилеп, порача градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Тој изрази поддршка за иницијативата и за сите кои
Go toTop