Во пожар во болница близу Рим загинаа 3 лица

December 9, 2023
1 min read

РИМ (АА) – Најмалку три лица загинаа во голем пожар што избувна синоќа во болница во Тиволи, на околу 30 километри источно од Рим, принудувајќи го персоналот да евакуира околу 200 пациенти, јавува Анадолу.

Пожарот, за кој се верува дека започнал во подрумските простории на болницата „Сан Џовани Евангелиста“, стигнал до одделенијата за итни случаи и за интензивна нега, а другите одделенија се наполниле со густ чад, изјавија спасувачите.

Од трите жртви на пожарот две починале од вдишување чад, а третата од срцев удар.

Четвртото лице, за кое првично беше кажано дека починало како резултат на пожарот, починало непосредно пред да избие пожарот, соопштија официјални претставници.

Околу 200 пациенти се евакуирани во блиската општинска сала, а потоа се префрлени во други болници во Рим.

За пожарот отворена е истрага, кој пожарникарите го изгаснаа рано утрово.

Тиволи е познат во Италија и во странство по Вила д’Есте и Вила Адријана, руралните одморалишта на римскиот император, и двете денес се наоѓаат на листата за светското наследство на УНЕСКО.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачки до Спасовски: Дали имате податок дека возилото на убиениот Панче е во Скопје од 24ти, три дена пред убијците да ја убијат Вања?

Следно

Демократски сојуз: Техничка влада на непринципиелна коалиција

Latest from Blog

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од

Доцнат хонорари, се кратат часови за лична асистенција, а лицата со попреченост остануваат без соодветна поддршка

Доцнење на исплатата на хонорари, намалување на часовите за лична асистенција, недостиг од услуги за бездомните лица, како и примена на двојни стандарди – се дел од проблемите со кои се соочуваат

Хаверц и Ундав ја “скршија“ Гана!

ФОТО:facebook.com/DFBTeamEN/ Германија во пријателски меч вечерва во Штутгарт, успеа да ја победи Гана со 2:1. Стрелци на головите беа Хаверц од пенал и Ундав, додека за гостите стрелаше Фатаву. Натпреварот на „MHPArena“
Go toTop