Во однос на почетокот на годината, цените на нафтата и натаму се благо негативни

March 6, 2023
1 min read

Бидејќи Кина е најголемиот увозник на нафта во светот, трговците очекуваат зајакнување на побарувачката. Кинескиот увоз на руска нафта по морски пат би требало да достигне највисоко ниво од следењето на податоците во март, проценуваат трговците

Цените на нафтата, на светските пазари, пораснаа минатата недела благодарение на надежите на трговците дека кинеската побарувачка ќе се зголеми бидејќи се очекува забрзување на растот на втората по големина светска економија.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се зголеми за 3,2 отсто, на 85,83 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 4,4 отсто, на 79,68 долари. Растот на цените најмногу се должи на подобрите од очекуваните макроекономски показатели од Кина кои упатуваат на забрзување на растот на втората по големина економија во светот, по подолг период на слабост.

Бидејќи Кина е најголемиот увозник на нафта во светот, трговците очекуваат зајакнување на побарувачката. Кинескиот увоз на руска нафта по морски пат би требало да достигне највисоко ниво од следењето на податоците во март, проценуваат трговците.

Од друга страна, растот на цените на енергијата ги ограничува напорите на централните банки на западните земји да ја потиснат инфлацијата, односно да ја ослабат потрошувачката на населението и да го забават растот на економиите. А тоа секако би ја ослабело и побарувачката за „црното злато“.

Бидејќи инфлацијата во САД останува висока, а економијата постојано расте, проценките за зголемување на каматните стапки на американската централна банка се зголемија.

Една недела претходно, се очекуваше ФЕД да ги зголеми клучните каматни стапки на 5,35 проценти до јули, додека сега се очекува да ги зголеми во опсег од 5,50 до 5,75 проценти до септември и да ги задржи на тие нивоа на пазарите подолго од очекуваното.

Тежина за цената на нафтата беше и изјавата на членот на управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ), Пјер Вунш, дека основната каматна стапка во еврозоната би можела да порасне до 4 отсто, доколку базичната инфлација остане на високо ниво.

Во петокот, трговците беа вознемирени и од извештајот на „Волстрит журнал“ дека Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) размислуваат да го напуштат ОПЕК и да го зголемат производството на нафта.

Веднаш по оваа вест, цената на нафтата нагло падна, но бидејќи оваа вест набрзо беше демантирана, цените ги повратија сите претходни загуби. И покрај минатонеделниот раст, цените на нафтата и натаму се благо негативни во однос на почетокот на годината.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

(ФОТО) Синот на Александар Вучиќ со факелијада му го честиташе 53. роденден на својот татко

Следно

Кристијано Роналдо испрати авион полн со помош за настраданите од земјотресот во Турција

Latest from Blog

Почуствувала провев, па зад огледалото открила таен трисобен стан: Ова е најхрабрата жена на светот (ВИДЕО)

Она што го пронашла зад огледалото во бањата било многу поневеројатно и вистинска мистерија. „Влегуваш во друга димензија“ Жителката на Њујорк била збунета од протокот на ладен воздух што го чувствувала секој

Скандалозно: И хрватскиот коментатор згрозен од скандирањето на хрватските фанови во Подгорица!

ФОТО: Hrvatski nogometni savez/FB Црна Гора загуби од Хрватска со 3:2 во Подгорица на крајот од квалификациите за Светското првенство. На екипата на Мирко Вучиниќ не ѝ помогна ниту водството од 2:0,

„Пекол на Земјата“: Украинската војска објави фотографии од уништениот град

Копнените сили на Украина објавија фотографии од пустошот во Костјантинивка во регионот Донецк, покажувајќи го обемот на пустошот што напредувањето на Русија на исток го остава зад себе во украинските градови. Фотографиите

Имињата на болниците и лекарите кои непотребно правеле операции на срце ќе бидат објавени

Имињата на болниците и лекарите кои непотребно упатувале пациенти на операции и направиле непотребни интервенции кај лица со кардиоваскуларни дијагнози ќе бидат објавени кога извештајот на комисијата ќе стане конечен, изјави министерот
Go toTop